Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС ДОО Скопје

Маркетинг Менаџер

Објавенпред 4 дена
Активен до03.11.2026
ПозицијаМаркетинг/ПР/Дигитал
ЛокацијаСкопје
Телефон13700
Веб-страницаwww.tigo.mk
За компанијата

Тиго Фајнанс ДОО е една од водечките компании во индустријата на финансиски услуги во Македонија, посветена на обезбедување на едноставни и одговорни финансиски решенија за своите клиенти. Нашата мисија... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. 

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата

МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР

Имаш идеи што можат да направат разлика? Знаеш како добра маркетинг стратегија да ја претвориш во успешна кампања?

Во ТИГО бараме креативен, проактивен и резултатски ориентиран Маркетинг Менаџер кој ќе придонесе кон развојот на брендот, привлекувањето нови клиенти и реализацијата на ефективни маркетинг активности.

Твои главни одговорности

  • Планирање, организација и оперативна реализација на интегрирани маркетинг кампањи.
  • Координација на дигитални, ТВ, радио, OOH, PR и BTL активности.
  • Развивање креативни идеи и предлози за промоција на брендот, кредитните производи и услугите.
  • Соработка и секојдневна координација со маркетинг, креативни, дигитални и медиумски агенции.
  • Следење и оптимизација на дигитални кампањи со фокус на генерирање лидови, конверзија и привлекување нови клиенти.
  • Анализа на ефективноста на кампањите, маркетинг KPI и повратот на инвестицијата (ROI).
  • Следење на конкурентите, пазарните трендови и препознавање нови маркетинг можности.
  • Координација со продажните тимови и другите сектори за усогласување на маркетинг активностите со деловните цели.
  • Учество во планирање и следење на маркетинг буџетот.
  • Подготовка на редовни извештаи, анализи и препораки за подобрување на резултатите.

Што очекуваме од тебе?

  • Најмалку 3 години релевантно искуство во маркетинг, пожелно со искуство во управување со кампањи.
  • Одлично познавање на дигитален маркетинг, медиумско планирање и маркетинг аналитика.
  • Искуство во соработка и управување со надворешни маркетинг агенции.
  • Способност за истовремено управување со повеќе проекти и почитување рокови.
  • Аналитички пристап и способност за донесување одлуки врз основа на податоци.
  • Одлични организациски и комуникациски вештини.
  • Самостојност, иницијативност и ориентираност кон резултати.
  • Активно познавање на англиски јазик.

Каква личност бараме?

  • Не бараме само некој што ќе координира маркетинг активности. Бараме личност која ќе ги движи напред.
  • Некој што размислува креативно, реагира брзо, презема одговорност, предлага решенија и знае како идеите да ги претвори во конкретни резултати.

Што нудиме?

  • Дополнителни денови за годишен одмор за лојални вработени;
  • Флексибилно работно време понеделник до петок 08/09-16/17 часот;
  • Современа и најнова технологија;
  • Атрактивен пакет на бонуси;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Дел од пензиска шема во трет пензиски столб;
  • Слободен ден за прваче;
  • Слободен ден за роденден;
  • Можност за напредување;
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија;
  • Професионален развој и можност за реално влијание врз деловните резултати;
  • Динамична работна средина со простор за креативност и иницијатива;
  • Можност за работа на големи интегрирани маркетинг кампањи;
  • Директно учество во развојот и позиционирањето на препознатлив бренд.

Подготвен/а си да направиш разлика?

Придружи се на TIGO тимот. TIGO знае како!

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО ФАЈНАНС ДОО го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ТИГО ФАЈНАНС ДОО, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС

Други активни огласи од Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС ДОО Скопје

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе