Работник за подготовка и пакување на нарачки
Поради зголемен обем на работа, имаме потреба од ангажирање на одговорна и мотивирана личност која ќе биде одговорна за подготовка и пакување на нарачките за испорака.
Работни задачи:
- Подготовка и пакување на нарачки според добиените барања.
- Проверка на производите пред пакување и подготовка за испорака.
- Правилно и внимателно пакување на производите со цел да се обезбеди нивна безбедна испорака.
- Прием и подредување на производи во магацинскиот простор.
- Одржување на ред и организација во работниот простор.
- Други основни магацински задачи поврзани со подготовката на нарачките.
Нудиме:
- Работа во стабилна компанија.
- Редовни месечни примања.
- Работа во една смена.
- Организирана и уредна работна средина.
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, испратете ја вашата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] или аплицирајте тука.