Квалификувано лице одговорно за ставање на серија на лек во промет (QP)
Пријавените кандидати треба да ги имаат:
- Завршен Фармацевтски факултет и завршена специјализација по испитување и контрола на лекови или фармацевтска технологија или
- Завршен Фармацевтски факултет и искуство во фармацевтска индустрија најмалку три години;
Работни задачи:
- Обезбедува следење и непречено работење на производството и контрола на секоја серија произведен лек, во согласност со законската регулатива и подзаконските акти за лековите, како и во согласност со барањата за добивање на одобрение за ставање на лек во промет;
- Обезбедува следење на производството на секоја серија лек спроведена во согласност со препораките на Добра производна пракса.
- Потврда за квалитетот на производот во потполност усогласен со барањата од Спецификациите и Одобрението за ставање на лек во промет;
- Квалификуваното лице одговорно за ставање на серија на лек во промет, гарантира дека прегледот на квалитетот на производот е согласно законските стандарди, барањата на добра производна пракса и спецификациите за квалитет;
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]