СОРАБОТНИК ВО ФАКТУРНО ОДДЕЛЕНИЕ
м/ж
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци. Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи.
ШТО НУДИМЕ
- Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии.
- Фит кит – бесплатна месечна членарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности.
- Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања.
- Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси.
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници.
- 24/7 осигурување од незгода.
- Хибриден модел на работа.
- Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации.
ШТО БАРАМЕ
- Високо образование во обаста на економијата ќе се смета за предност.
- Искуство во административни, финансиски или сметководствени процеси ќе се смета за предност.
- Аналитички способности и внимание на детали.
- Способност за планирање, приоритизирање и навремено завршување на работните задачи.
- Тимска ориентираност, комуникациски и соработнички вештини.
- Флексибилност, одговорност и подготвеност за континуирано учење.
- Добро познавање на англиски јазик.
- Познавање на MS Office пакет, особено Excel.
РАБОТНИ ЗАДАЧИ
- Спроведување на процесот на порамнување на директната дистрибуција (DSD) и обработка на соодветната документација.
- Фактурирање и книжење на магацински и продажни документи.
- Следење на точноста и комплетноста на документацијата, како и иницирање корекции при утврдени отстапувања.
- Подготовка на редовни контролни извештаи и обезбедување навремена обработка на документите во системот.
- Архивирање на документацијата согласно интерните процедури и стандарди.
Доколку се пронаоѓаш во описот, аплицирај најдоцна до 10.09.2026.
Неделното работно време е од понеделник до петок 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.