ДОМ НАНА ВРАБОТУВА – СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК
Приватна установа за социјална заштита на стари лица НАНА – Скопје има потреба од Социјален работник за работа со корисниците и нивните семејства.
Работни задачи:
- Прием и адаптација на нови корисници;
- Следење на состојбата, потребите и социјалното функционирање на корисниците;
- Комуникација и соработка со семејствата на корисниците;
- Водење на потребната евиденција и документација;
- Подготовка и следење на индивидуални планови за работа со корисниците;
- Организација и учество во активности за социјализација и подобрување на квалитетот на животот на корисниците;
- Соработка со останатите членови на стручниот и негувателскиот тим.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование – социјална работа и социјална политика / социјален работник;
- Одговорност, организираност и професионален однос кон работата;
- Развиени комуникациски способности и емпатија;
- Способност за тимска работа;
- Познавање на работа со компјутер;
- Претходно работно искуство во социјална заштита ќе се смета за предност.
Нудиме:
- Стабилна работна средина;
- Работа во организиран и професионален тим;
- Можност за професионален развој;
- Работа во установа со непосреден и човечки пристап кон корисниците.
www.domnana.mk
Контакт телефон - 071216767
Заинтересираните кандидати можат да испратат CV со контакт телефон.