Павел Палазов: Од студентска идеја до платформа за реалните трошоци во Македонија

Кирија, храна, сметки и автомобил: Павел Палазов пресметува колку навистина трошиме

Кој е Павел? Кажи ни нешто повеќе за себе.

Јас сум Павел Палазов, имам 19 години и моментално студирам компјутерски науки.

Отсекогаш сум сакал да правам нешто свое, особено ако преку технологија можам да решам некој реален проблем. Па така, „Колку Чини“ е веб-платформа на која навистина посветив многу време, затоа што не сакав да остане само идеја или нешто што ќе го направам за вежбање. Сакав да биде вистинска платформа што луѓето ќе можат да ја користат.

Како се роди идејата за „Колку Чини“ и што те натера да создадеш платформа која ги собира реалните трошоци за живот во Македонија?

Идејата почна од едно многу едноставно прашање: „Колку всушност чини било што во Македонија?“

Кога ќе пробаш да дознаеш колку пари му се потребни на еден човек месечно, колку би го чинело да живее сам, да има автомобил или да оди на одмор, многу брзо сфаќаш дека информациите се на сто различни места. Дел се застарени, дел се премногу општи, а многу од нив воопшто не се направени конкретно за Македонија.

Тогаш си реков: зошто да нема едно место каде што ќе можеш да внесеш што те интересира и веднаш да добиеш реална пресметка?

Така започнав да ја правам страницата. Прво идејата беше многу поедноставна, а потоа постојано додавав нови работи и платформата прерасна во нешто многу поголемо од тоа што првично го замислував.

Што точно може да пресмета еден корисник на „Колку Чини“ (Kolku Cini) — реални трошоци за Македонија и како функционира платформата?

Целта е корисникот да не мора самиот да собира цени од десет различни места и после да пресметува сè рачно.

На „Колку Чини“ може да пресмета трошоци за живот, кирија, храна, сметки, гориво, автомобил, одмор и други секојдневни трошоци.

На пример, може да избере каков начин на живот има и да види приближно колку би му бил месечниот буџет, или да пресмета колку би го чинел одмор за одредена држава, број на денови и начин на патување.

Мене ми беше важно бројките да не бидат само ставени таму без објаснување. Затоа платформата користи извори зад податоците, а дел од цените редовно се ажурираат.

Дали платформата е наменета само за млади и студенти или може да им биде корисна и на семејства, вработени и луѓе кои планираат преселба?

Воопшто не е само за студенти.

Студентите и младите се можеби најочигледната група, затоа што токму тогаш првпат почнуваш да размислуваш за кирија, храна, сметки и буџет. Но истата информација, според сегашните анализи, им е покорисна на повозрасните што работат, на пар, на семејство или на човек што планира да се пресели.

Некој ќе ја отвори страницата затоа што сака да види колку би го чинело да живее сам, друг затоа што сака да провери колку реално му троши автомобилот, а трет затоа што планира одмор.

Сакам платформата да биде корисна без разлика во која животна ситуација се наоѓа корисникот.

Дали додека работеше на проектот и самиот се изненади од некои цени или пресметки?

Да, и тоа многу.

Најмногу ме изненади колку лесно потценуваме колку трошиме. Ако гледаш само една работа, на пример, гориво или сметка за струја, не изгледа страшно. Но кога ќе ги собереш киријата, храната, сметките, превозот, автомобилот и сите оние помали трошоци што ги правиме без многу размислување, сумата станува сосема друга.

Токму затоа ми се допаѓа идејата на веб-сајтот, бидејќи не ти покажува само една цена, туку ти помага да ја видиш целата слика.

Кои трошоци најмногу ги изненадија луѓето откако почнаа да ја користат платформата?

Од тоа што можам да го забележам, најголема реакција има кога луѓето ќе го видат вкупниот износ.

Повеќето од нас отприлика знаеме колку плаќаме кирија или колку ни е една сметка, но ретко седнуваме да пресметаме колку нè чини целиот месец.

Интерес има и за автомобилите и одморите, затоа што таму често размислуваме само за главниот трошок. Кај автомобилот тоа е горивото, а кај одморот можеби хотелот или авионот, но во реалноста има уште многу други работи што влегуваат во конечната сума.

Како реагираа луѓето кога првпат им ја покажа платформата? Дали имаш добиено некој коментар или сугестија што особено ти останала во сеќавање?

Најубавиот момент за мене беше кога престана да биде само нешто што јас го отворам и тестирам, и почнав да гледам дека вистински луѓе влегуваат и ја користат платформата.

Особено по објавата на Fakulteti.mk видов значителен пораст на посетители. Тогаш првпат баш почувствував дека проектот стигнува до луѓе кои воопшто не ме познаваат мене лично, туку влегле затоа што самата идеја им била интересна.

Исто така, многу ми значат и критиките и предлозите. Не гледам на нив како нешто негативно. Ако некој ми каже дека нешто е збунувачко или дека недостига некоја корисна опција, тоа ми дава идеја како платформата да стане подобра.

Каде ја гледаш „Колку Чини“ за една година? Што би сакал да може да прави платформата што денес сè уште не може?

Би сакал за една година, кога некој во Македонија ќе се запраша „колку чини ова?“, една од првите работи што ќе му паднат на памет да биде „Колку Чини“.

Не ми е цел само да има што повеќе функции. Сакам тие што ќе ги има да бидат навистина корисни и точни.

Би сакал да има уште подобра покриеност за различни градови, повеќе автоматски ажурирани цени, подобри споредби и уште повеќе калкулатори за реални ситуации со кои луѓето секојдневно се среќаваат.

Имам уште многу идеи, но сакам да ги воведувам постепено и да не ја претворам страницата во нешто комплицирано. Најважно ми е човек да ја отвори и за неколку секунди да разбере што треба да направи.

Што би им порачал на други млади луѓе кои имаат идеја за проект, но се двоумат дали да започнат да ја реализираат?

Да почнат пред да мислат дека се целосно подготвени.

Ако чекаш да знаеш сè, да имаш совршен план и совршени услови, најверојатно никогаш нема да почнеш.

Кога почнав со „Колку Чини“, платформата не изгледаше ни приближно како денес. Имаше работи што не функционираа добро, имаше идеи што ги сменив, имаше моменти кога нешто што мислев дека е добро на крај мораше целосно да го преработам.

Но токму така научив најмногу.

Мислам дека подобро е да направиш нешто несовршено и да го подобруваш, отколку со месеци да ја чуваш совршената идеја само во глава, за на крај друг да ја земе.

Тагови: автомобил сметка трошоци храна Колку Чини Павел Палазов

Како да кажете дека не знаете без да изгледате некомпетентно

Не го знаете одговорот? Еве што да кажете наместо „не знам“!

На работното место често се создава впечаток дека треба да го знаете одговорот на секое прашање. Но, реалноста е поинаква. Никој не може да знае сè, а обидот да се преправате дека знаете нешто што не ви е познато може да создаде многу поголем проблем од искреното признавање дека ви треба дополнително време или информации.

Клучот е како ќе кажете дека не знаете.

1. Не кажувајте само „Не знам“

Краткото „не знам“ може да звучи како да не сте заинтересирани да го решите проблемот. Наместо тоа, покажете дека сте подготвени да го пронајдете одговорот.

На пример: „Во моментов немам доволно информации за да ви дадам точен одговор, но ќе проверам и ќе ви одговорам.“ Така сте искрени, но истовремено покажувате иницијатива.

2. Кажете што знаете

Дури и кога немате целосен одговор, можеби знаете дел од информацијата. Споделете го тоа што ви е познато и јасно кажете каде е границата на вашето знаење.

На пример: „Она што го знам е дека процесот функционира вака, но не сум сигурен за последниот чекор. Ќе го проверам.“ Ова покажува дека не зборувате напамет и дека внимавате на точноста.

3. Поставете дополнително прашање

Понекогаш проблемот не е што не го знаете одговорот, туку што прашањето не е доволно јасно. Наместо веднаш да се обидете да одговорите, побарајте дополнително објаснување. „Може ли да ми дадете малку повеќе контекст за ова?“

Со тоа покажувате дека сакате да го разберете проблемот пред да дадете одговор – што е знак на професионалност, а не на некомпетентност.

4. Понудете решение

Најдобриот начин да кажете „не знам“ е веднаш да додадете „но можам да проверам“ или „ќе најдам начин да го решиме“.

На пример: „Не сум се сретнал со ваква ситуација досега, но ќе проверам кои се опциите и ќе ви предложам решение.“ Ова покажува самодоверба, одговорност и желба за учење.

5. Не измислувајте одговор

Понекогаш луѓето се плашат да признаат дека нешто не знаат, па даваат одговор во кој не се сигурни. Тоа може да изгледа како краткорочно решение, но доколку информацијата е неточна, последиците можат да бидат многу посериозни. Да кажете „Не сум сигурен, ќе проверам“ е многу попрофесионално отколку да дадете неточен одговор само за да оставите впечаток дека знаете сè.

Да се признае дека не знаете не е слабост

На професионалното работно место, компетентноста не значи да го знаете одговорот на секое прашање. Таа значи да знаете кога немате доволно информации, да не се плашите да го признаете тоа и да преземете чекори за да го најдете вистинскиот одговор.

Понекогаш најпрофесионалната реченица што можете да ја кажете е едноставно: „Не го знам одговорот во моментов, но ќе дознаам.“

Прочитајте и за: 5 причини зошто некои луѓе имаат страв од зборување на состаноци

Тагови: совети за работа

Облаци и дожд ја менуваат временската слика

Еве каде се очекуваат врнежи

Променливо облачно време ќе преовладува во текот на денот. Во западните делови од земјава се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на одделни места постои можност и за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со можност за повремен дожд во одредени делови од котлината. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

23.10.2026 Петок   10° / 17° 08:54   19:45
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h











13°
15°
15°
16°
17°
17°
17°
15°
13°
11°
11°
11°
10°

3

3

3

3

3

3

3

3

2

2

2

1

1
24.10.2026 Сабота   8° / 17° 08:56   19:44
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
10°
10°
10°
9°
9°
9°
8°
8°
8°
9°
10°
12°
14°
15°
16°
17°
17°
17°
15°
13°
13°
12°
12°
12°

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

2

2

2

3

3

2

2

1

2

2

1

1
25.10.2026 Недела   10° / 17° 06:57   17:42
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
12°
12°
11°
11°
11°
10°
10°
10°
10°
11°
12°
14°
15°
16°
16°
17°
17°
17°
16°
14°
13°
13°
12°
12°

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

1

2

2

2

3

2

3

2

1

1

1

1

1

1

Од празен ѕид до уметничко дело: Приказната на графичкиот дизајнер Теодор Петровски

Не треба да чекаш да бидеш доволно добар за да почнеш – Теодор Петровски

Кој е Теодор Петровски? Кажи ни нешто повеќе за себе.

Јас сум Теодор Петровски, графички дизајнер и визуелен уметник од Скопје. Со креативна работа се занимавам повеќе години, а графитите се дел од мојот живот уште од 2016 година. По професија сум дипломиран графички дизајнер, а низ годините имав можност да работам на различни проекти од брендинг, социјални мрежи и илустрации, до мурали, сценографија и други визуелни решенија.

Мислам дека токму комбинацијата од дизајнот и графитите најмногу ме опишува, бидејќи ми овозможува идејата прво да ја изградам визуелно, а потоа да ја пренесам и во физички простор.

Како започна твојата приказна со креативната работа и што те привлече кон визуелната уметност?

Отсекогаш сум имал потреба нешто да создавам, уште од најмала возраст. Цртањето првично ми беше начин да го поминувам времето, но постепено почнав да сфаќам дека преку визуелната уметност можам да изразам идеи и емоции на начин на кој понекогаш не можам со зборови.

Подоцна почнав посериозно да се интересирам за графички дизајн, типографија, илустрација и различни визуелни стилови. Така, хобито постепено прерасна во нешто што сакав да го изучувам и професионално.

Веќе 10 години се занимаваш со цртање графити. Како започна сè?

Сè започна во 2016 година, кога почнав да се интересирам за графити и уличната уметност. Во почетокот најмногу ме привлекуваа самиот процес, буквите, стиловите, боите и начинот на кој еден празен ѕид може целосно да се трансформира.

Како што продолжував да цртам, почнав самостојно да учам, да експериментирам и да барам свој стил. Голема улога во тој период имаше и Целе од графити шопот „Хром“, каде што поминував голем дел од денот. Многу ми значеа и луѓето кои беа присутни таму.

Со текот на времето сфатив дека не сакам графитите да ми бидат само хоби, туку сакам преку нив да работам на реални проекти и да создадам нешто што ќе остане во просторот. Тоа е и причината зошто, после десет години, сè уште цртам.

Се сеќаваш ли на првиот графит што го нацрта и какво чувство имаше тогаш?

Да, се сеќавам. Не беше ни приближно професионален како работите што ги правам денес, но токму затоа ми е интересен кога ќе се навратам наназад.

Имав огромна трема. За првпат отидов, купив неколку спрејови од продавница за бои и лакови и во маало го нацртав мојот прв графит. Тоа беа некои букви што имаа значење само за мене.

Но, кога завршив и потоа секојдневно поминував покрај тој ѕид на пат кон училиште, гледав нешто што сум го нацртал јас и што е мое во надворешниот простор, а не само на лист хартија. Во исто време чувствував и огромно задоволство. Мислам дека токму тоа чувство ме натера да продолжам.

Кога денес ќе погледнам колку сум напредувал од тогаш, интересно ми е да се сетам дека сè започнало од еден таков прв обид.

Колку време и труд стои зад еден графит?

Тоа многу зависи од проектот. Некогаш самото цртање на ѕидот може да трае неколку часа, а кај поголемите мурали и до неколку дена. Но, реално, работата започнува многу пред да се појавам пред ѕидот.

Потребно е прво да се осмисли идејата, да се направи скица, да се прилагоди дизајнот на просторот, да се изберат боите и материјалите, а потоа следи самата реализација.

Особено кај поголемите комерцијални проекти, важно е дизајнот да изгледа добро од различни дистанци и да функционира во самиот простор. Затоа, понекогаш најголем дел од работата всушност се случува пред да се повлече првата линија на ѕидот.

Од каде најчесто црпиш инспирација за тоа што го создаваш?

Инспирација можам да најдам буквално насекаде. Од архитектурата и улиците на Скопје и другите градови каде што шетам, до музиката, луѓето, секојдневните ситуации или нешто што случајно ќе ми го привлече вниманието.

Многу ми значи и самиот простор во кој треба да работам. Кога гледам празен ѕид, обично прво размислувам што би му одговарало, а не само што јас сакам да нацртам.

Со текот на годините научив дека инспирацијата не мора секогаш да биде нешто големо. Понекогаш една мала идеја може да биде доволна за да започне цел проект.

Има ли графит или проект на кој си особено горд? Зошто токму тој?

Има повеќе проекти на кои сум горд, но особено ми значат оние кај кои сум имал можност да учествувам од самата идеја до финалната реализација.

Имам два такви проекти на кои сум особено горд. Едниот е со невладината организација FES, каде што по проектот добив задача да бидам ментор во одделот за графити и улична уметност на една млада група луѓе. Тоа беше преубаво искуство и проект на кој секогаш ќе бидам горд.

Вториот е проектот со YACO, поддржан од USAID, во кој се црташе ѕид на едно основно училиште во една од ромските населби. Со помош на учениците и под мое менторство, заеднички го реализиравме проектот. На настанот гостинка беше Марија Лонџи, координатор за развојна помош од Канцеларијата за американска помош за Европа.

Кога размислувам за овие проекти, најмногу сум горд на тоа што со текот на годините успеав од нешто што започна како хоби да создадам професија.

Дали некогаш си имал ситуација во која некој не го разбрал твојот графит или пораката што си сакал да ја пренесеш?

Да, секако. Мислам дека тоа е нормален дел од секоја форма на уметност. Не секој човек ќе ја види истата работа на ист начин, а понекогаш токму тоа е убавината.

Особено кога работам нешто што има посимболична порака, можно е некој да ја протолкува на сосема поинаков начин од она што сум го замислил јас. Наместо тоа да го гледам како проблем, повеќе го гледам како доказ дека работата предизвикала некаква реакција.

Сепак, кога работам на комерцијален проект, тогаш ми е важно пораката да биде јасна и визуелно лесно разбирлива, бидејќи треба да комуницира со многу поширока публика.

Ако можеш да добиеш еден огромен ѕид во Македонија и целосна слобода, што би нацртал?

Би сакал да направам голем мурал кој на некој начин ќе го прикаже Скопје, но не како класична разгледница со најпознатите знаменитости.

Би сакал да ги спојам препознатливите елементи на градот во тотален графити стил  да не изгледа како класичен мурал, туку како интересен и уникатен графит за Скопје. Нешто што ќе ги спои формите и буквите, ќе изгледа модерно, но сепак луѓето веднаш ќе препознаат дека е Скопје.

И најважно, би сакал ѕидот да биде доволно голем за да можам да направам нешто што човек може да го гледа оддалеку, а кога ќе му се приближи, да открива нови детали.

Што би му кажал на некој млад човек кој сака да почне да се занимава со графити, но се плаши дека „нема талент“?

Би му кажал да почне.

Мислам дека талентот е само една мала почетна точка, а многу поважни се времето, дисциплината и желбата да учиш. Кога ќе го погледнам мојот прв графит и тоа што го правам денес, разликата не е затоа што одеднаш сум станал „талентиран“, туку затоа што со години сум цртал, грешел, учел, прекинувал, но секогаш сум пробувал повторно.

Не треба да чекаш да бидеш доволно добар за да почнеш. Треба да почнеш за да станеш добар.

И најважно, не се споредувај премногу со луѓето околу тебе. Најголемата конкуренција си самиот на себе.

Тагови: креативност мурали Теодор Петровски