Македонците фрлаат повеќе храна од европскиот просек: 86 килограми по жител годишно

Ново истражување покажува дека македонските домаќинства, рестораните и маркетите создаваат повеќе отпад од храна од просекот во ЕУ. Најголем дел завршува на депонии.

Македонските домаќинства годишно фрлаат во просек по 86 килограми храна по жител, што е за 17 килограми повеќе од просекот во Европската Унија, покажува извештајот на УНЕП за индексот на отпад од храна за 2024 година. На ниво на државата, тоа значи вкупно 179.311 тони отпад од храна создадени во домаќинствата, додека европскиот просек изнесува 69 килограми по лице.

Над европскиот просек Македонија е и во другите сектори. Во рестораните и услугите за исхрана се создадени 51.283 тони отпад, односно околу 25 килограми по жител годишно, што е за 10 килограми повеќе од просекот во ЕУ. Во малопродажбата, пак, биле создадени 30.755 тони или 15 килограми по човек, што е за 5 килограми над европскиот просек. Според Евростат, секој граѓанин на ЕУ во 2024 година генерирал вкупно околу 129 килограми отпад од храна низ целиот синџир на снабдување.

Глобално, светот годишно фрла 1,05 милијарди тони храна, или 19% од вкупно достапната храна за потрошувачите. Во Македонија, пак, нема официјална детална статистика само за фрлената храна, туку се евидентира вкупниот органски отпад. Според Државниот завод за статистика, во 2025 година биле собрани 34.757 тони органски отпад, додека речиси целото количество собран комунален отпад, дури 99,8%, завршува на депонии.

Тагови: Европа Македонци храна

„Бела ноќ“ во Скопје: Концерти, изложби и диџеј-настапи на повеќе локации

3 октомври, Скопје повторно ќе живее во ритамот на „Бела ноќ 2026“, со богата програма која опфаќа концерти, изложби, диџеј-настапи и содржини за најмладите

На 3 октомври, Скопје повторно ќе живее во ритамот на „Бела ноќ 2026“, со богата програма која опфаќа концерти, изложби, диџеј-настапи и содржини за најмладите.

Вечерната програма ќе се одржува од 19 до 3 часот, додека дел од детските и дневните содржини започнуваат порано.

На плоштадот „Мајка Тереза“, односно на платото пред МОБ, програмата започнува во 18 часот со детскиот фестивал „Поточиња“, по што следуваат интерактивен детски театар, настап на DJ Bono и „Допамин бенд“. Во 22 часот настапуваат Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, а по полноќ музичката програма продолжува со DJ Tammy и DJ Toshevv.

Љубителите на електронската музика ќе имаат програма и кај фонтаната „Лотус“, каде настапите започнуваат во 20:30 часот. Дополнителна музичка програма ќе има и на платото пред Музејот на современата уметност, како и на Боемска улица.

„Бела ноќ“ носи и повеќе изложби и мултимедијални содржини. Во Домот на градежниците ќе бидат претставени изложбите на Марија Рашковиќ и „Вортекс“, во Чифте амам изложбата „Пресек“ на Ирена Паскали, а во „Мала станица“ мултимедијалната изложба „Меѓу светови“ на Воскресија Андреевска.

Програмата започнува уште во текот на денот. Во Детскиот културен центар „Карпош“ од 9 часот ќе има изложба на детски ликовни творби, додека во Паркот на поезијата при Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржат „Нацртај песна“ и изложбата „Види ја поезијата“.

Во Археолошкиот музеј посетителите ќе имаат бесплатен влез и можност да ја посетат содржината „35 предмети, 35 приказни“.

Дел од програмата ќе се одржува и во Младинскиот културен центар, Мостот на уметноста, Старата скопска чаршија, Музејот на град Скопје, „Аудио култура“ и на улица „Македонија“.

„Бела ноќ 2026“ ги поврзува различните градски локации во една вечер посветена на музиката, уметноста и културата.

Тагови: Бела ноќ Скопје

Денес нè очекува поинаков октомвриски ден

Проверете ја прогнозата за петок

Стабилното време продолжува и денес, во поголем дел од Македонија ќе преовладува сончево и релативно топло време. Во попладневните часови на места ќе се појави мала до умерена локална облачност.

Во текот на денот ќе дува умерен северен и североисточен ветер, а повремено неговата брзина локално ќе достигнува и околу 40 км/час или над оваа вредност.

Скопје и околината денес ги очекува претежно сончево време, со повремена појава на мала до умерена облачност, особено попладне. Северниот и североисточниот ветер ќе биде умерен, а дневната температура ќе достигне околу 25 степени.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

23.10.2026 Петок   10° / 17° 08:54   19:45
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h















17°
17°
17°
15°
13°
11°
11°
11°
10°

3

3

3

3

2

2

2

1

1
24.10.2026 Сабота   8° / 17° 08:56   19:44
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
10°
10°
10°
9°
9°
9°
8°
8°
8°
9°
10°
12°
14°
15°
16°
17°
17°
17°
15°
13°
13°
12°
12°
12°

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

2

2

2

3

3

2

2

1

2

2

1

1
25.10.2026 Недела   10° / 17° 06:57   17:42
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
12°
12°
11°
11°
11°
10°
10°
10°
10°
11°
12°
14°
15°
16°
16°
17°
17°
17°
16°
14°
13°
13°
12°
12°

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

1

2

2

2

3

2

3

2

1

1

1

1

1

1

KARIERA.mk дел од првиот академски час на АУЕ ФОН

Од првиот академски час до првите професионални чекори – KARIERA.mk со младите

Денес KARIERA.mk присуствуваше на првиот академски час на АУЕ ФОН, со што уште еднаш ја потврдивме нашата посветеност кон младите и нивниот професионален развој.

За нас, првите студентски денови се многу повеќе од почеток на ново академско поглавје тие се и првите чекори кон идната професионална кариера. Токму затоа ни е особено драго што можевме да бидеме присутни уште од самиот почеток и да им дадеме поддршка на новите студенти.

Во текот на настанот, студентите имаа можност да се запознаат со KARIERA.mk, да разговараат со нашиот тим и да споделат прашања и интереси поврзани со нивниот иден професионален пат.

Веруваме дека успешната кариера започнува многу пред првото работно место со вистинските информации, знаење, контакти и поддршка. Затоа ни е важно да бидеме присутни во студентскиот живот и да им помогнеме на младите уште од нивните први чекори да го градат патот кон својата иднина.

На сите студенти на АУЕ ФОН им посакуваме успешна академска година, многу нови знаења, искуства и можности! 

Тагови: млади Моја кариера картичка пазарот на труд работа прв академски час АЕУ ФОН