ЕКСПЕРТ ЗА ИЗВИД И ПРОЦЕНА НА ШТЕТИ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

За компанијата:

Друштво за неживотно осигурување

повеќе за компанијата »

Активни огласи од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје:

Аналитичар за финансиско работење

(преземи го огласот како PDF)

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:

ЕКСПЕРТ ЗА ИЗВИД И ПРОЦЕНА НА ШТЕТИ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

Извид на настанати пријавени штети на моторни возила во определен простор за извид на штети, во сервиси за поправка, како и извид на пријавени штети надвор од седиштето на Друштвото и по потреба на регионот на територија на државата;

  •     Фотографирање на настанати штети;
  •     Изготвување записник со детален опис на настанати штети и оштетени делови за замена или поправка;
  •     Врши калкулација на потребни средства за поправка или замена на оштетени делови;
  •     Утврдува степен на оштетување (делумна или тотална штета);
  •     Утврдува висина на настанатата штета.

НУДИМЕ:

  •     Вработување на определено времетраење од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување;
  •     Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
  •     Конкурентна плата, во зависност од квалификацијата и искуството на кандидатот;
  •     Работа во динамична, развојна и пријатна средина;
  •     Можности за развивање и континуирано персонално усовршување;
  •     Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ИСКУСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ:

  •     Високо или средно образование - општа, економска или техничка насока;
  •     За предност ќе се смета работно искуство во друштво за осигурување;
  •     Солидно познавање на работа со компјутери и MS Office;
  •     Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
  •     Посветеност, претпазливост, одговорност;
  •     Комуникациски способности, способност за тимска работа.

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака дека аплицирате за конкретното работно место, не подоцна од 20.06.2023 година. Вашите документи за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци(*).

Само кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »