КРУСЕЛ лого

Web Admin / E-commerce асистент

За компанијата: Крусел ДООЕЛ Скопје е компанија со долгогодишно искуство во продажба на техничка стока, апарати за домаќинство, мебел и фитнес опрема. Основана во 1992 година, компанијата прерасна во реномиран увозник... повеќе за компанијата »

🚀 Бараме Web Admin / E-commerce асистент (full time – Скопје)

Крусел расте, а со тоа расте и потребата од личност што ќе внесе ред, прецизност и добра организација во секојдневното работење со онлајн нарачки.

Бараме одговорна, организирана и комуникативна личност за позиција Административен асистент за онлајн нарачки, со фокус на административна поддршка, внес и следење на нарачки и комуникација со клиенти.

Што ќе работиш:

  • внес и обработка на нарачки во систем
  • следење и администрација на статус на нарачки
  • комуникација со клиенти по телефон и онлајн
  • подготовка и креирање на онлајн нарачки
  • координација со магацин, достава и останати оддели
  • ажурирање на податоци поврзани со клиенти, нарачки и производи
  • поддршка во секојдневни административни задачи поврзани со е-продажба

Што очекуваме:

  • добра организација и внимание на детали
  • компјутерска писменост и сигурност во работа со системи
  • одговорност, точност и брзина во работа
  • комуникативност и професионален однос со клиенти
  • способност за работа во динамична средина
  • претходно искуство во администрација, продажба или e-commerce е предност

Што нудиме:

  • full time работа во стабилна компанија
  • динамична и организирана работна средина
  • воведување и поддршка во работните процеси
  • можност за долгорочен развој и напредување

📩 Испрати CV и неколку реченици за себе на: [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »