Пивара Скопје АД лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Менаџер на возен парк

За компанијата:

Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво,... повеќе за компанијата »

Менаџер на возен парк м/ж

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци. Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме – Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи.

ШТО НУДИМЕ?

  • Целосно дигитализиран работен процес базиран на современи алатки и технологии.
  • Fit Kit – бесплатна месечна членарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности.
  • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања.
  • Годишно зголемување на платата врз основа на индивидуалните перформанси.
  • Бесплатни производи од компанијата за роденден и празници.
  • Осигурување од незгода 24/7.
  • Можности за обуки и професионален развој поддржани од две интернационални корпорации.

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Менаџирање и водење на тимот на возниот парк, вклучувајќи технички специјалисти, возачи, помошен и административен персонал.
  • Привлекување, задржување и развој на квалификувани кадри за тимот на возниот парк преку современи практики за регрутација и управување со таленти
  • Промовирање култура на безбедност и одговорно управување со возилата.
  • Анализа на податоци за перформансите на возниот парк со цел идентификување можности за подобрување и оптимизација.
  • Развивање и одржување односи со добавувачи на возила, лизинг-компании и други релевантни партнери.
  • Воспоставување и управување со проактивен план за одржување на сите возила во возниот парк со цел минимизирање на дефекти и обезбедување оперативна подготвеност.
  • Обезбедување дека возниот парк функционира во согласност со сите релевантни локални, државни и национални прописи, вклучувајќи регистрација на возила, лиценцирање и безбедносни стандарди.
  • Развивање и имплементација на политики и процедури за безбедност на возниот парк.
  • Подготовка и управување со годишниот буџет за возниот парк, вклучувајќи набавка, одржување, гориво, осигурување и други поврзани трошоци.
  • Следење и контрола на трошоците на возниот парк, како и идентификување и имплементација на мерки за нивно намалување.
  • Имплементација и управување со системи за следење на возилата (на пример, GPS) со цел подобрување на ефикасноста и безбедноста.
  • Подготовка на редовни извештаи за перформансите, трошоците и усогласеноста на возниот парк.

ШТО БАРАМЕ:

  • Универзитетска диплома; предност ќе имаат кандидати со завршени студии од Машински факултет, Електротехнички факултет или сродни области.
  • Најмалку 2 години работно искуство во управување со тимови во логистички операции, дистрибутивни центри или слични средини.
  • Одлични организациски и лидерски вештини.
  • Одлични комуникациски вештини и способност за соработка со различни тимови и засегнати страни.
  • Напредно познавање на MS Office алатките (Excel, PowerPoint и Word).
  • Напредно познавање на англиски јазик.
  • Познавање на SAP и процеси поврзани со управување со логистички и/или дистрибутивни операции ќе се смета за предност.

Доколку се проаноѓаш во огласот и си спремен/на за нови предизвици, аплицирај до 18.08.2026.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши согласно интерните процедури на компанијата. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата согласно важечките прописи за заштита на лични податоци.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »