За компанијата: ИЦС ГРУП ДОО - Скопје е фирма , која врши проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење и вентилација, како и техничко - консултантски услуги. Својата политика и концепција на работа...
повеќе за компанијата »ИЦС ГРУП ДОО - Скопје е водечка приватна компанија во областа на HVAC системите и овластен партнер на светски познатите брендови DAIKIN и CLIVET за Македонија. Повеќе од 16 години успешно нудиме комплетни решенија за проектирање, продажба, монтажа, сервис и одржување на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација, реализирајќи проекти за станбени, деловни и индустриски објекти.
Поради континуиран раст и проширување на сервисниот сектор, имаме потреба од професионална, организирана и технички компетентна личност за работната позицијa:
РАКОВОДИТЕЛ НА СЕРВИС
Цел на работното место е: Да раководи со сервисниот сектор преку организација и координација на сервисните активности, обезбедување техничка поддршка и стручно насочување на сервисниот тим, оптимално искористување на човечките и материјалните ресурси и континуирано подобрување на квалитетот, ефикасноста и профитабилноста на сервисните услуги
Квалификации:
- Завршено високо техничко образование - Машински / Електро факултет
- Потребно е работно искуство од 3 до 5 години на иста или позиција со слични одговорности
- Искуство во организирање на теренски екипи претставува предност.
- Способност за работа под притисок и поставување приоритети
- Tехничко познавање на HVAC системи (ќе се смета за предност).
- Одлично познавање на англиски јазик
Работни задачи и одговорности:
- Организирање, координирање и следење на работата на сервисниот тим.
- Обезбедува техничка поддршка на сервисниот тим при дијагностика и решавање на посложени дефекти.
- Подготовка на периодични извештаи за работата на сервисниот сектор.
Вештини и способности:
- Високо изразени организациски способности
- Способност за брза техничка анализа и донесување одлуки при решавање на сервисни интервенции.
- Способност за менторирање и обезбедување техничка поддршка на сервисниот тим
- Познавање на техничка документација и сервисни упатства.
Ние нудиме:
- Редовен работен однос во стабилна и реномирана компанија
- Конкурентна плата согласно искуството и резултатите
- Работа во професионален и позитивен тим
- Дополнително приватно здравствено осигурување
- Пакет на бонусирање и наградување според учинок.
- Работно време од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот
Работната позиција е во Скопје.
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат на следнава e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот] (со назнака за работно место Раководител на сервис)
Слични огласи »