Сава пензиско друштво а.д. Скопје лого

Комерцијалисти во Сектор за продажба

За компанијата:

Сава пензиско друштво а.д. Скопје има единствена дејност на управување со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус и нивно претставување пред трети лица како и други дејности поврзани со управувањето со фондовите.

повеќе за компанијата »

Краток опис на работните задачи:

  • Вршење работи на маркетинг на пензиските фондови и склучување на соодветни договори на територија на цела Република Северна Македонија;
  • Ажурирање на бази на податоци на потенцијални членови, потенцијални пензионирани членови и потенцијални фирми кои имаат интерес да формираат професионални пензиски шеми;
  • Вршење контрола на филијали и експозитури на деловни соработници и изработка на извештаи;
  • Учество во едукативни активности;
  • Склучување на договори за исплата на пензија и пензиски надоместоци;
  • Други активности по барање на претпоставените во делокруг на активности на маркетинг на пензиски фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

 

Потребни квалификации:

  • Завршено минимум средно образование;
  • Запишан во Регистарот на агенти во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС);
  • Поседување возачка дозвола Б категорија;
  • Вештини за комуницирање со потенцијални членови и раководство на компании;
  • Сериозност во извршувањето на работните задачи;
  • Предност имаат кандидатите со искуство во областа на финансии и осигурување.

 

Важно: Заради исполнување на условот – кандидатот да е запишан во Регистарот на агенти кој го води Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Друштвото ќе ги пријави избраните кандидати од овој оглас за полагање испит за стекнување со лиценца за агент за вршење на работи на маркетинг на задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

 

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите кои ќе полагаат испит:

  • Државјанин на Република Северна Македонија или странец со регулиран престој во државата;
  • Завршено минимум средно образование;
  • Да не е вработен во: Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Управата за јавни приходи и Агенции за привремени вработувања;
  • Соправосилна одлука да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната;
  • Испитот за стекнување на својство на агент го организира и спроведува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС;
  • Избраните кандидати ќе треба да достават документација со која ќе докажат дека ги исполнуваат наведените услови за поднесување пријава за полагање агентски испит

 

Сава пензиско друштво а.д. Скопје нуди:

  • Покривање на трошок за стекнување со лиценца агент и потребна обука;
  • Интересна и динамична работа;
  • Можност за личен и стручен развој со поддршка на Друштвото;
  • Непрекинато стекнување нови знаења;
  • Работно време 40 часа неделно, секој работен ден од понеделник до петок од 08-16 часот;
  • Почетна нето плата 25.000 денари + варијабилен дел

 

Начин на аплицирање и процес на избор:

За да аплицирате за доставете ја Вашата Лична биографија и Писмо за интерес од кои се гледа дека ги исполнувате потребните улови и квалификации (потребните документи за полагање испит ќе ги доставите откако ќе бидете избрани во потесен круг на кандидати) на следната адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 24.04.2019 година, со назнака “апликација за комерцијалист“.

 

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Процесот на избор на кандидати ќе заврши заклучно со 20.05.2019 година. Друштвото го задржува правото да не ангажира ниту еден кандидат кој се пријавил на конкурсот.

 

Друштвото ќе постапи со пристигнатите пријави во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

 

За дополнителни прашања, можете да стапите во директен контакт со Сава пензиско друштво а.д. Скопје, со седиште на ул. Мајка Тереза бр.1, Скопје, на електронска адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] или на тел. 02/5100-292. Лице за контакт: Снежана Стојановска

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »