НИВОКА ДООЕЛ Бразда Чучер Сандево лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Шанкер/ка - Келнер/ка

За компанијата: Спојот на врвно кафе и пријатен амбиент е нашиот потпис, а Вашиот комфор е наш приоритет! Home District Coffee Corner е нов, урбан кафе бар кој се наоѓа во новата атрактивна дестинација за мебел и ентериер,... повеќе за компанијата »

Home District Coffee Corner ја започнува својата приказна!

Бараме одговорни, љубезни и комуникативни личности за цело и половина работно време, за работа во кафуле кое се наоѓа во нов мини-мол за мебел, уредување и ентериер Home District Skopje во Визбегово.

Одговорности:

  • Подготовка и послужување на кафе и други пијалаци
  • Послужување на готови прехранбени производи
  • Љубезен однос, комуникација и cross sell продажба на клиенти
  • Работа на пулт и наплата
  • Одржување на уредност и хигиена на работниот простор

Личен профил:

  • Комуникативна, одговорна и лојална личност
  • Професионален однос и позитивен став
  • Искуство во угостителство е предност, но не е задолжително

Што нудиме:

  • Редовна и коректна плата, придонеси и годишен регрес
  • Mожност за бонуси врз основа на индивидуалниот придонес, позитивни резултати и ангажман 
  • Обезбеден оброк и пијалок
  • Работно време во една смена 40 часа неделно (од 10.00 - 18.00 понеделник - петок) / 20 часа неделно (16.00 - 20.00 понеделник -петок) 
  • Обука и поддршка во извршување на работните задачи
  • Стабилна работа во модерна и пријатна атмосфера

Доколку комуникацијата со клиенти е Ваша предност, сакате да работите во модерна и опуштена атмосфера и да сте дел од силен тим каде поддршката, проактивноста и личниот развој се приоритети, испратете ја Вашата професионална биографија (CV) на [најави се за да го видиш е-маилот] или контактирајте не на 075/801-234.

Започнуваме со работа од 07 ноември! 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »