Издавачко друштво САКАМ КНИГИ лого

Продавач/ка во книжарница

За компанијата: Сакам книги е издавачка куќа која го следи трендот на книгите - секогаш со нови и феноменални изданија, преводи на нови книги по многу прифатливи цени. Издавачката куќа Сакам Книги ја водат неколку едноставни... повеќе за компанијата »

Доколку ги сакате книгите и не можете да замислите да поминете ниту еден ден без нив, ова е идеалната работа за вас. Секојдневна дружба со илјадниците книги на нашите полици и многуте читатели кои ги посетуваат нашите книжарници во потрага по препорака на добра книга, убав книжевен муабет или едноставно прошетка во магичниот свет на книгите.

Потребни квалификации и вештини:

  • Добро познавање на книжевното портфолио на Сакам книги и остатокот од издавачите во земјата
  • Задолжително напредно познавање и работа со Microsoft Excel 
  • Работно искуство на иста или слична позиција
  • Вештини за продажба и интеракција со купувачи
  • Познавање на работа со социјални мрежи (Facebook, Instagram)
  • Основно познавање на материјално и финансиско работење

Задачи и одговорности:

  • Продажба во книжарница САКАМ КНИГИ во Лептокарија
  • Административна работа (креирање и евиденција на фактури и други материјални документи како и дневно/неделно евидентирање на готовинските уплати. Правење нарачки и извештаи за книжарницата итн.)
  • Комуникација со соработници и читатели/купувачи
  • Дополнителни задачи по барање на претпоставен менаџер  

Личен профил:

  • Одлични комуникациски способности и професионален однос
  • Одговорна, лојална, љубезна личност и тимски играч
  • Подготвеност за работа во смени
  • Позитивен и проактивен пристап кон работата 
  • Предност ќе имаат креативни лица со искуство во продажба или издаваштво кои ќе можат да придонесат со нови идеи за унапредување на продажбата и целокупната работа

Избраниот кандидат ќе биде комплетно обучен да ракува со нашиот систем за продажба, како и темелно обучен за сите останати задачи за кои ќе биде задолжен.

Заинтересираните кандидати може да испратат свое резиме и мотивационо писмо на [најави се за да го видиш е-маилот] . Ќе се земат предвид само кандидатите што ги исполнуваат условите. 

Огласот е отворен до 01.12.2025.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »