(преземи го огласот во Word)
Врз основа на член 22 и член 23 од Закон за работните, Друштво за транспорт, трговија и услуги КОЛА ЛОГИСТИКА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со седиште на ул.,,Качанички пат,, бр.254, Визбегово, тел:02 2656-770, објавува оглас за вработување за работно место:
Возач- 2 (два) извршители
на определено време од 3 (три) месеци со можност за продолжување
Услови за вршење на работата:
- Возачка дозвола Ц категорија
- Пожелно работно искуство во дистрибуција
Опис на работни задачи:
- Управување на возило од соодветна категорија
- Грижа за физичко обезбедување на стоката како истата нема да биде оштетена
Работната недела трае 6 работни дена односно 40 часа неделно од понеделник до сабота. Од понеделник до петок започнува во 07:00 часот а завршува во 14:00 часот и сабота започнува во 07:00 часот а завршува во 12:00 часот.
Нето плата изнесува од 17.000,00 денари до 29.000,00 денари.
Сите заинтересирани кандидати да испратат кратка биографија (CV) на е-маил [најави се за да го видиш е-маилот] или на ул.Качанички пат бр.254 во рок од 5 работни дена од 26.07.2019 година до 01.08.2019 година со назнака апликација за работно место Возач.
Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од:
Доколку се пријавиле до 200 кандидати за работното место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Лице за контакт :
Марина Михајловска