Асистент во сектор продажба
Бараме соработник кој би им помогнал на нашите потенцијални клиенти да станат редовни.
На многу компании преминот на нашиот систем на услуги би им донел бројни предности, но за тоа сè уште не се свесни. Затоа бараме некој што ќе му се придружи на нашиот продажен тим и ќе им помогне на тие компании да ги искористат сите погодности од висококвалитетните услуги што ги нуди нашиот меѓународен бизнис-систем.
На тој начин, компаниите не само што би го унапредиле своето работење на домашниот пазар, туку би добиле и можност за проширување на странските пазари.
Доколку верувате дека можете активно да придонесете во овој процес, ве покануваме да ни се придружите.
Нашиот добро воспоставен систем на редовни обуки ќе ви овозможи брзо напредување и одржување на висок професионален степен, додека нашите искусни соработници секогаш ќе ви бидат на располагање за поддршка кога ќе ви затреба.
ЗА НАС
Унија Смарт Акаунтинг е меѓународна сметководствена компанија која е дел од водечката светска ETL мрежа. Нудиме висококвалитетни услуги во областа на сметководство, советување и напредни ИТ решенија. Нашите клиенти се водечките меѓународни и домашни компании кои имаат потреба од врвна и сигурна поддршка. Нашите колеги се водечки стручњаци во своите области, а редовната и систематска едукација гарантира дека тоа така и ќе остане. Нашата амбиција е да обезбедиме инспиративна работна средина и висока бизнис култура.
РАБОТНО МЕСТО
Како асистент во секторот продажба, ќе учествувате во реализацијата на активностите во рамки на регионалниот продажен тим.
Вашата работа исто така ќе вклучува:
- Анализа на пазарот и самостојна комуникација со потенцијални и постојни клиенти;
- Управување со CRM системот, подготовка и следење на понуди и договори, како и организација на состаноци, презентации и други продажни активности;
- Обезбедување поддршка на менаџментот и продажниот тим во оперативни и административни активности.
БЕНЕФИТИ
Како вработени во Унија Групацијата, имаме бројни придобивки што ни овозможуваат да напредуваме професионално и лично. На овој начин, можеме подобро да се грижиме за квалитетот, односите се многу подобри, а работата е едноставно попријатна. На сите вработени им нудиме:
- Индивидуален годишен буџет за образование;
- Систематска грижа за можностите за професионален развој и напредување;
- Слободен ден за роденден;
- Можност за избор на хибриден модел на работа (2 дена во канцеларија, 3 дена од далечина);
- Можност за работа од дома (1 ден) за сите кои не го избираат хибридниот модел на работа;
- Скратено работно време во петок;
- Просторија за релаксирање во канцеларија;
- Овошје, кафе, вода во канцеларија;
- Можете повремено да работите во која било од единиците на компанијата во регионот, од Љубљана и Загреб, до Сараево, Скопје и Подгорица, па дури и во Тиват и Задар.
СПЕЦИЈАЛНИ ПРЕДНОСТИ НА ВАШЕТО РАБОТНО МЕСТО
- Варијабилна плата;
- Флексибилно работно време.
ШТО ОЧЕКУВАМЕ
Високо образование од областа на економија или сродна насока;
Искуство во продажба претставува предност, но не е услов;
Познавање на MS Office пакетот (Excel, Word, PowerPoint);
Активно познавање на англиски јазик, а познавањето на дополнителен странски јазик се смета за предност.
ЛОКАЦИЈА
ул. 8. Ударна Бригада, бр. 39, Центар Скопје.
ПРИЈАВА
Доколку сметате дека улогата на асистент во секторот продажба, е интересен предизвик во вашата кариера и сакате да работите со нас, ве покануваме да ни го испратите вашиот CV на е-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот]