Оператор на е-продавница - помошник

За компанијата: Paket.mk е интернет супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе од 4.000 намирници достапни за достава истиот ден. Сервисот е едноставен за користење – процесот за купување и достава на нарачките е објаснет подолу: повеќе за компанијата »

Paket.mk е онлајн продавница за производи за секојдневна употреба (онлајн супермаркет). Имаме потреба од помошник оператор на е-продавница кој ќе биде одговорен за:

  • Рутинските операции поврзани со е-продавницата
  • Комплетирање на нарачките
  • Следење и координација на доставите
  • Грижа за корисници
  • Други операции поврзани со е-продавницата


Потребни знаења и вештини кои мора да ги поседувате:

  • Одлични организациски способности
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишување и говорење)
  • Солидни ИТ вештини и работа на компјутер
  • Снаодливост, брзина и способност за исполнување на сложени задачи во стресни и временски ограничени ситуации
  • Прецизност и чувство за детали
  • Возачка дозвола „Категорија Б“
  • Искуство во областа на трговија, е-трговија, бизнис или друга релевантна област ќе се смета за предност


Би било одлично доколку:

  • Имате искуство во користење на CMS и e-shop системи
  • Имате солидно познавање на градот Скопје
  • Имате претходно искуство на иста или слична позиција


Претходно работно искуство НЕ е задолжително.


Огласот е отворен до исполнување на позициите.

Аплицирајте со испраќање на Вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „За оператор“.

Прашања и повеќе информации на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »