Сојуз на здруженија на возачи на Македонија

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Објавенна 5.2018
Активен до22.05.2018
ПозицијаЕкономист/Сметководител/Ревизор
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаhttps://sv.mk
За компанијата

Преку ШЕЕСЕТ ГОДИНИ постоење и исто толку време активно делување во општеството. Не се многу организациите кои ја покажаа својата виталност, кои премостија два система и две столетија и кои со подеднаква... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Потребни квалификации

Завршено Високо образование во областа на финансии или сметководство;

Уверение за сметководител/овластен сметководител;

Минимум три години работно искуство во областа на финансиите/сметководството;

Солидно познавање на даночните регулаторни и сродни фискални прашања;

Секоја друга квалификација во сродно поле е плус;

Солидно познавање на програмите поврзани со Microsoft Office, особено Excel и Word;

Аналитички способности, изработка на различни анализи и извештаи во excel;

Способност за работа со голем обем на информации;

Способност за работа во куси рокови;

Познавање на англискиот јазик е предност;

Добар тимски работник и подготвен да работи во динамична средина;

Позитивен став.

Работни обврски

Внесување на податоци и книжење во сметководствен програм на сите видови на сметководствено/финансова документација;

Пресметка на даноци, изготвување обрасци за даноци, статистички извештаи;

Сложување картици на коминтенти;

Обезбедување навремено и квалитетно евидентирање на добиените фактури за набавка на стоки и услуги;

Контрола и книжење на материјалната и на финансиската документација;

Услогласување на салда со добавувачи;

Изготвување и анализа на извештаи за трошоци како и на извештаи за резерви;

Пополнување извештаи од областа на материјално финансиското работење.

Работни услови

Редовен работен однос од 40 часа неделно;

Локација:

Бул. Борис Трајковски 180, Кисела Вода;

Работно време:

Понеделник до Петок од 8:00 до 16:00 часот.

Апликација

Вашата биографија и копија од уверение за сметководител/овластен сметководител можете да ги доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација ќе бидат земени во разгледување. Кандидатите кои ги исполнуваат наведените критериуми ќе бидат контактирани.

Апликациите се примаат до 25.05.2018 година.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе