
ЕМБС: 6672612
Индустрија: Аутомото
Адреса: Бул. Борис Трајковски 180
Град: Скопје
Преку ШЕЕСЕТ ГОДИНИ постоење и исто толку време активно делување во општеството. Не се многу организациите кои ја покажаа својата виталност, кои премостија два система и две столетија и кои со подеднаква одговорност продолжуваат да работат и денес, како и во времето кога се формираа. Тоа е потврда која не исполнува со задоволство, но, пред се, тоа е обврска, и натаму да се извршуваат бројните задачи подеднакво одговорно и квалитетно.
При формирањето, во последните денови од декември 1956 година, целосното име на организацијата е “Сојуз на здруженија на возачите и автомеханичарите на Македонија”. Во согласност со тогашната правна сопственост, Сојузот претставува општествена организација, што подразбира непрофитно и доброволно здружување на најширока основа. Основните активности од своето формирање, па до денес, главно се насочени кон подобрувањето на безбедноста на сообраќајот.
Сојузот на здруженија на возачи на Македонија денес е здружение на граѓани – возачи и граѓани, настанато со здружување на здруженијата на возачи на градовите во РМ, заради остварување на своите интереси и заради вршење дејности и активности кои се стремат кон збогатување на сообраќајно техничкото образование, сообраќајната култура и безбедноста на сообраќајот.
Моментално нема активни огласи.