
За компанијата: Telelink Infra е дел од Telelink Group. Нашиот основен бизнис се фокусира на дизајн и изградба на мрежна инфраструктура, целосен опсег на интегрирани безбедносни решенија и системи за заштита на критичната инфраструктура заедно со развивање и имплементирање на паметни технологии за иднината.
повеќе за компанијата »Телелинк МК ДОО има потреба од искусен електричар за изведба, монтажа и одржување на јакострујни и слабострујни електрични инсталации во деловни и индустриски објекти.
Работата опфаќа поврзување на електрични разводни табли, осветлување, приклучни линии, како и системи за видеонадзор, аларми, интернет и комуникации.
Главни одговорности:
- Монтажа и поврзување на кабли, разводни табли и осветлување
- Изведба и тестирање на јакострујни и слабострујни системи
- Почитување на безбедносни прописи и проектна документација
- Тимска работа со инженери и техничари на терен
Потребни квалификации:
- Средно техничко образование (електротехничка насока)
- Работно искуство во електроинсталации
- Познавање на електро и телекомуникациски стандарди
- Возачка дозвола Б-категорија
Слични огласи »