Позиција
Стручен медицински соработник
За потребите на претставништво на хрватската фармацевтска компанија PharmaS бараме еден (1) Стручен медицински соработник (м/ж), за работа на определено/неопределено време.
Од кандидатите се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на бизнис операциите на пазарот и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики во сите области на работата.
Одговорности:
• Остварување на предвидениот план за продажба
• Спроведување на предвидените маркетинг активности
• Промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи
• Посета на лекари и фармацевти во зададениот регион
• Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на конференции и семинари
• Градење на добри релации со клиентите и репрезентирање на компанијата PharmaS и производите
• Поднесување на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион
Потребни квалификации:
· Универзитетска диплома VII степен (медицина, фармација, стоматологија, ветерина)
· Одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
· Одлични организациски способности и вештини на планирање
· Одлични комуникациски и презентациски вештини
· Одлично познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски и Хрватски/Српски јазик
· Валидна возачка дозвола (Б-категорија)
Профил на идеалниот кандидат:
· Има работно искуство на иста или слична позиција и го познава на теренот
· Подготвен за патување
· Ориентиран кон резултати
· Посветен на работата и реализација на зададените цели
· Добар слушател и комуникативен
· Лојален и дискретен
· Отворен и искрен
· Тимски играч
Компанијата ќе ви овозможи:
· Можности за градење на кариерата во успешна мултинационална компанија која брзо расте
· Интересна и динамична работна средина
· Конкурентен паричен надоместок соодветен на постигнатите резултати
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим и ги исполнувате горенаведените услови потребно е да испратите резиме на македонски или на англиски јазик (кратка биографија) со фотографија, мотивациононо писмо како и уверение за завршено соодветно образование, најдоцна до 22.03.2020 година на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ве молиме без телефонски јавувања.