Геопром лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Фармацевтски техничар за производство

За компанијата: Компанијата Геопром со седиште во Скопје, Македонија врши производство на додатоци во исхрана како и трговија/дистрибуција на додатоци во исхраната. Основана во 1992 година како компанија во приватна... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред еден ден
  • Геопром
  • Активен до 27.08.2026
  • Позиција: Фармацевт/Фармацевтски техничар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/2774101
  • Веб: www.geoprom.com.mk
  • Facebook: линк

Квалификации:

  • ССС или ВССфармацевстски техничар или дипломиран фармацевт
  • Претходно искуство во производство на додатоци на исхрана ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија 
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
  • Искрена, позитивна, динамична и самоиницијативна личност

Одговорности:

  • Подготовка, мерење и мешање на суровини според производствена рецептура.
  • Работа со производствени машини (капсулирање, блистирање, полнење, пакување).
  • Вршење на меѓуфазна контрола на квалитетот на производите.
  • Водење на задолжителната производствена документација и досиеја за серија.
  • Почитување на HACCP и ISO9001 стандардите и хигиенските протоколи.

Работно време: Од понеделник до петок (од 08:00 до 16:00). Викенд и државни празници се неработни денови.

Доколку ги исполнувате условите или верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија(CV) на македонски јазик исклучиво на нашиот емаил заклучно со 22.08.2026, со назнака за позицијата. [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашето CV, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Геопром и истите да бидат зачувани во дата базата на Геопром.

Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивното CV преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

E-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]  
www.geoprom.com.mk 
ГЕОПРОМ 
ул.Христо Татарчев 17/2 Бр.2, 1000 Скопје.
Тел.02/2774101

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »