РЕСОРТ МАВРОВО лого

Готвач / Помошник готвач

Работни одговорности на Готвач во Ресорт Маврово:

- Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот (шведска маса, пансионски оброци, a la carte);

- Подготвува оброци за вработените;

- Економично управува со залихите на производи;

- Ја организира работата во кујна во неговата / нејзината смена во согласност со насоките кои ги дава Шефот на кујна;

- Други одговорности соодветни на работното место Готвач.

Работни одговорности на Помошник готвач во Ресорт Маврово:

- Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот, како и за вработените;

- Работа на скара, фритези, припреми за нарачки за нареден ден;

- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор согласно стандардите;

- Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач;

- Други одговорности соодветни на работното место Помошник готвач.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

- Организациски вештини;

- Проактивна, вредна и енергична личност;

- Одговорност и посветеност кон работата,

- Лојалност и чесност;

- Тимски играч и колегијалност;

- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;

- Желба за личен раст и развој;

- Брзина и спретност;

- Педантност во работатa.

Потребни квалификации и одговорности:

- Искуство во работење во кујна ќе се смета за значајна предност;

- Одлично познавање на македонска и странски кујни;

- Способност за работа со шведска маса, пансионски оброци и ‘A la carte’;

- Работа во две смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

- Основна плата + Додатоци на плата согласно Закон за работни односи (минат труд, работа во недела, работа на празник, прекувремено работно време);

- Сместување и 3 оброци дневно;

- Платени трошоци за превоз;

- 8 слободни денови во месецот;

- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;

- Бесплатна карта за жичарница (кога работи жичарницата);

- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација: Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во Subject наведете за кое работно место во Сектор Кујна аплицирате, Готвач / Помошник готвач 

Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 15.11.2022

Disclaimer:

- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;

- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;

- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;

- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »