Сокотаб ДООЕЛ Битола лого

Работник во лабораторија за квалитет

Реномираната интернационална компанија Сокотаб ДООЕЛ Битола, дел од Сокотаб групацијата, лидер на светскиот пазар за откуп и преработка на ориентален тутун, бара високо мотивирани личности кои одговараат на описот за следната позиција:

 

РАБОТНИК ВО ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ

Број на извршители: 2 (два)

 

Улога

Носителот на работната позиција е одговорен да ги врши работните задачи поврзани со исполнување на барањата за квалитет на тутуновиот лист преку подготовка, собирање и анализа на мостри на тутун, внимателно отстранување и класифицирање на нетутунски материјали (НТМ) согласно со барањата за квалитет, проверка на и работа со ваги и друга опрема во лабораторија, како и внесување на податоци во системот.

 

Главните одговорности на позицијата вклучуваат:

  • Собира и проследува мустри на тутун за испитување

  • Врши испитување на апсолутна влага, квалитативна анализа и подготовка за хемиски анализи на тутун.

  • Пребарува, собира и класифицира НТМ од тутунот

  • Врши проверка и калибрација на ваги, како и на другата апаратура, правилно управува со опремата

  • Внесува податоци во компјутер

     

Кандидатот треба да ги поседува следните квалификации:

  • Минимум завршено средно образование

  • Основно познавање на англискиот јазик

  • Основно познавање на компјутерски вештини

  • Работно искуство на иста или слична работна позиција во компанија за откуп и преработка на тутун во времетраење од најмалку 3 години/сезони ќе се смета за предност.

  • Одговорност, точност, ефикасност, ориентираност кон детали.

     

Договорни услови:

  • Договор на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување

  • Работно време: полно, 40 часа неделно, понеделник-петок

 

Доколку го поседувате знаењето, сте тимски играч кој се карактиризира со добри меѓучовечки способности и комуникациски вештини, можеби сте кандидатот што го бараме. Доставете ја Вашата апликација (CV и мотивационо писмо), најдоцна до 09 април 2018г. на следната адреса:

 

Сокотаб ДООЕЛ Битола

Оддел за човечки ресурси

с. Драгожани, 7000 Битола

Со назнака: Работник во лабораторија за контрола на квалитет

 

или на e-mail  адреса [најави се за да го видиш е-маилот]

Вашата апликација треба да ги содржи сите неопходни информации за бараните квалификации како и пропратна докумантација (копии од документите за потврда на наведеното образование, лиценца, возачка, итн). Само комплетни апликации ќе бидат земени во предвид.

 

Сокотаб ДООЕЛ Битола го задржува правото да изврши избор по сопствен наод и мислење, во законски предвидениот рок од 45/90/120 дена. Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат понатаму контактирани.

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Сокотаб ДООЕЛ Битола, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност.

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »