
За компанијата:
„Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија... повеќе за компанијата »
АД ЕВРОПА Скопје го зајакнува својот маркетинг тим на успешни професионалци во Секторот за развој на продукти, CRM и маркетинг и Ви нуди можност за професионален развој и работа во динамична средина.
УЛОГА ВО ТИМОТ:
- Подготовка и следење на маркетинг план и комуникациска стратегија;
- Подготовка на маркетиншки кампањи за лансирање на нови и промовирање на постоечки производи и услуги, како и избор на соодветни канали за комуникација за различни сегменти и таргет групи;
- Приспособување и следење на стандардите за визуелна комуникација и графички имиџ на брендот;
- Координација на работата со надворешни изведувачи во областа на маркетинг;
- Истражување на пазарот, следење и анализа на активностите на конкуренцијата и светските трендови
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Универзитетско образование
- Минимум две години работно искуство во областа на маркетинг
- Креативно и иновативно размислување
- Напредни комуникациски и организациски вештини
- Способност за тимска работа, самоиницијативност и аналитички вештини
- Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.
Работно време од понеделник до петок од 07:30 до 15:30 часот.
Редовни месечни примања и платен оброк.
Можности за кариерен напредок во компанијата.
Сите заинтересирани можат да аплицирираат преку копчето АПЛИЦИРАЈ или на мејлот: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »