
За компанијата:
Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.
повеќе за компанијата »ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР ЗА КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ м/ж
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.
Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
ШТО НУДИМЕ?
- Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации
- Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
- Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
- Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
- Флексибилност во организирање на работното време
- 24/7 осигурување од незгода
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Планирање, организирање и координирање на капитални проекти во согласност со стратешките цели на компанијата од почетна до завршна фаза, според дефинирани временски рамки и буџет.
- Репортирање директно дo менаџерот за проекти и инвестиции, за напредокот, трошоците и квалитетот на изведбата на проектите.
- Подготовка на план за реализација на проектите, вклучувајќи дефинирање на обем, ресурси, ризици и временски рокови.
- Следење на реализацијата на проектните активности и осигурување дека сите фази се изведуваат според предвидените технички, инженерски и безбедносни стандарди.
- Комуникација со внатрешни тимови (инженеринг, финансии, одржување и сл.) за координација на активностите.
- Координација со интерни и екстерни засегнати страни (stakeholders), вклучително и технички тимови, добавувачи и консултанти.
- Поддршка на процесот на набавка преку технички спецификации, анализа на понуди и учество во преговори со добавувачи.
- Изготвување на неделни/месечни извештаи и презентации за статусот на проектите.
- Навремено идентификување на ризици и предлагање на корективни мерки
- Обезбедување на документација и извештаи по завршување на проектите
ШТО БАРАМЕ:
- Минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција
- Завршено високо образование – техничка насока (Градежништво, Архитектура, Машинство, Електротехника)
- Докажано искуство во управување со проекти, од иницијатива до финална реализација
- Техничка стручност и способност за читање и интерпретација на техничка документација
- Аналитичко размислување и ефикасно идентификување на ризици во рамки на проектните процеси
- Одлични комуникациски вештини и искуство во координација со различни засегнати страни (stakeholders)
- Внимание на детали и прецизност во извршување на задачите
- Способност за тимска работа и ориентација кон резултати
- Способност за работа под притисок и во динамична, мултидисциплинарна средина
- Високо развиени организациски вештини и проактивен пристап кон работата
- Одлично познавање на Microsoft Office алатки (Word, Excel, PowerPoint), како и солидно искуство со AutoCAD.
Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 28.08.2025г.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Слични огласи »