Маркетинг агенција Филигран

Акаунт Менаџер

Објавенпред 2 месеци
Активен до29.08.2026
ПозицијаМаркетинг/ПР/Дигитал
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаhttps://www.filigran.com.mk
За компанијата

„Филигран" доаѓа од вековната уметност на филигранство, техника на изработка која комбинира најпрецизна рачна работа со исклучително внимание на детали. Во светот на филигранот, сè мора да биде совршено... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Бараме Account Manager кој ќе биде одговорен за водење на портфолио на клиенти и координација на сите активности поврзани со нивните проекти.

Работни обврски:

  • Води портфолио на клиенти и одржува редовна комуникација со нив.
  • Планира, организира и следи реализација на дигитални маркетинг, ПР и комуникациски активности.
  • Ги координира задачите со дизајн, маркетинг, веб и останатите тимови.
  • Подготвува брифови и обезбедува навремена реализација на сите договорени активности.
  • Следи рокови, буџети и тек на проектите.
  • Подготвува извештаи, анализи и презентации за клиентите.
  • Организира состаноци и ги следи договорените активности до нивна реализација.
  • Препознава нови потреби кај клиентите и предлага соодветни решенија.

Потребни квалификации:

  • Високо образование  (маркетинг, односи со јавност, комуникации или сродна област).
  • Минимум 3 години работно искуство во Account Management, маркетинг, ПР или сродна позиција.
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, писмено и говорно.
  • Одлично познавање на Microsoft Office.
  • Искуство со управување на повеќе клиенти и проекти истовремено.
  • Одлични организациски, комуникациски и презентациски вештини.
  • Способност за самостојно планирање и навремена реализација на работните задачи.

Како да се пријавите?

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со испраќање на своето CV (и портфолио од претходни проекти, доколку имаат) на е-маил адресата: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака (Subject): "Апликација за Акаунт Менаџер".

Само селектираните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Напомена: Со поднесување на апликацијата, кандидатите даваат согласност компанијата да ги обработува нивните лични податоци за потребите на процесот на селекција и регрутација, во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Кандидатите можат да ја повлечат својата согласност во секое време со испраќање известување на горенаведениот е-маил.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе