Луксор Траде Дооел лого

Продажен асистент

За компанијата:

Прима Оптика е основана во 1999 година. Денес, достапна на 5 локации во Скопје: Сити Мол, East Gate Mall, Беверли Хилс, ГТЦ и ТЦ. Лептокарија. Професионален тим и задоволни клиенти се наша примарна цел повеќе од 21 година.

повеќе за компанијата »

Прима Оптика, достапна на 5 локации во Скопје, има потреба од продажни асистенти за работа во мол. Бараниот профил се кандидати со искуство во малопродажба, работа со каса и директна комуникација со купувачи.

Потребни квалификации:

  • Искуство во малопродажба, предност искуство во продажба со луксузни производи
  • Вештини за продажба и интеракција со купувачи
  • Познавање на англиски јазик и основни познавањa на Office
  • Подготвеност за тимска работа во смени
  • Организирана, одговорна, мотивирана и стабилна личност
  • Професионален пристап, посветеност и лојалност

Главни обврски и одговорности на позицијата:

  • Професионален пристап и комуникација со клиенти
  • Продажба на производите во продажното место
  • Грижа и одржување на работниот простор
  • Примена на поставените стандарди, процедури и правила за работа

Што нудиме:

  • Полно работно време 40 часа неделно
  • Професионална, комплетна и платена обука
  • Конкурентна почетна плата, плус додатоци и бонуси
  • Бонуси во согласност со постигнатите резултати
  • Можност за професионален развој, надоградба и долгорочен ангажман

Кандидатите кои имаат искуство во оптика и оптометрија ќе имаат особена предност и зголемена основна плата.

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да ја испратат својата работна биографија со фотографија и назнака (За продажен асистент) на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »