УНИЈА ЕТЛ АКАУНТИНГ ДООЕЛ Скопје лого

Сметководител на плати

За компанијата:

Унија ЕТЛ Акаунтинг е меѓународна сметководствена компанија која е дел од водечката светска ETL мрежа. Нудиме висококвалитетни услуги во областа на сметководство, советување и напредни ИТ решенија.... повеќе за компанијата »

Сметководител за Плати

Бараме лице за пресметка на плати.

Не бараме херој, туку одговорна и прецизна личност која ги познава правилниците и знае точно да ги внесе бројките. Кај нас работата е организирана и систематска. Нема непотребна драма, туку јасни процеси и стабилно секојдневие.

Бараме некој што разбира дека точноста е клучна – понекогаш и една децимала прави разлика. Некој што знае правилно да пресмета, евидентира и исплати плати согласно закон.

Ако Excel го користите сигурно и напредно, ако законската регулатива ја гледате како насока, а не како пречка, и ако ви е важно работата да биде уредна и навремена – ќе ни биде драго да станете дел од нашиот тим.

Нашите клиенти очекуваат стабилност и точност. Ние очекуваме професионалност и одговорност.
Ако верувате дека пресметката на плати е работа со луѓе, а не само со бројки – ве покануваме да аплицирате.

ЗА НАС

Унија ETL Акаунтинг е меѓународна сметководствена компанија која е дел од водечката светска ETL мрежа. Нудиме висококвалитетни услуги во областа на сметководство, советување и напредни ИТ решенија. Нашите клиенти се водечките меѓународни и домашни компании кои имаат потреба од врвна и сигурна поддршка. Нашите колеги се водечки стручњаци во своите области, а редовната и систематска едукација гарантира дека тоа така и ќе остане. Нашата амбиција е да обезбедиме инспиративна работна средина и висока бизнис култура.

РАБОТНО МЕСТО

Како сметководител за плати, ќе учествувате во пресметка на платите за нашите клиенти и ќе ги советувате при наоѓањето на оптимални решенија.

Вашата работа ќе вклучува и:

  • Подготовка и пресметка на платите за клиенти во согласност со локалното законодавство;
  • Управување со документација и извештаи поврзани со платите;
  • Комуникација со релевантни институции и органи.

БЕНЕФИТИ

Како вработени во Унија група, имаме бројни поволности кои ни овозможуваат да напредуваме во професионален и личен контекст. На тој начин можеме подобро да се грижиме за квалитетот, односите се многу подобри, а работата едноставно попријатна. На сите вработени им нудиме:

  • Индивидуален годишен буџет за образование;
  • Систематска грижа за можностите за професионален развој и напредување;
  • Слободен ден за роденден;
  • Можност за избор на хибриден модел на работа (2 дена во канцеларија, 3 дена од далечина);
  • Можност за работа од дома (1 ден) за сите кои не го избираат хибридниот модел на работа;
  • Скратено работно време во петок;
  • Просторија за релаксирање во канцеларија;
  • Овошје, кафе, вода во канцеларија;
  • Можете повремено да работите во која било од единиците на компанијата во регионот, од Љубљана и Загреб, до Сараево, Белград и Подгорица, па дури и во Тиват.

ПОСЕБНИ ПОВОЛНОСТИ НА ВАШЕТО РАБОТНО МЕСТО

  • Варјабилно наградување;
  • Флексибилно работно време.

ШТО ОЧЕКУВАМЕ

  • Најмалку 1 години релевантно искуство во пресметка на плати;
  • Познавање на локалните прописи и процедури во врска со платите;
  • Активно познавање на англиски или српски/хрватски јазик а познавање на германски јазик е предност;
  • Добро познавање на MS Excel;
  • Искусво со Pantheon или слични сметководствени програми е предност.

ЛОКАЦИЈА

Работното место на cениор сметководител за плати се наоѓа на адресата ул. 8. Ударна Бригада, бр. 39, Центар Скопје.

ПРИЈАВА

Доколку сметате дека позицијата ссметководител за пресметка на плати е интересен предизвик во вашата кариера и сакате да работите со нас, ве покануваме да се пријавите преку формуларот за аплицирање во продолжение.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »