Пивара Скопје АД лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Тим лидер за продажба – Канал за клучни купувачи (м/ж)

За компанијата:

Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво,... повеќе за компанијата »

Тим лидер за продажба – Канал за клучни купувачи (м/ж)

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци. Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме – Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи. Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата. Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш! 

ШТО НУДИМЕ?

  • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии. 
  • Fit Kit – бесплатна месечна членарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности.
  • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања.
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси.
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници.
  • 24/7 осигурување од незгода.
  • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации.

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Водење, мотивирање и развој на тимот задолжен за Канал Клучни купувачи со цел постигнување и надминување на поставените продажни цели.
  • Обезбедување остварување на целите за профитабилност, волумен и пазарна извршеност во регионот и каналот.
  • Спроведување на продажните стратегии и нивно претворање во конкретни активности и резултати на терен.
  • Следење и управување со клучните бизнис показатели, буџети и комерцијални активности.
  • Развивање и имплементирање на планови за подобрување на продажните перформанси и пазарната покриеност.
  • Градење и одржување долгорочни партнерски односи со клучните купувачи и обезбедување високо ниво на соработка.
  • Анализа на продажните резултати и иницирање активности за континуирано подобрување на бизнисот.
  • Развивање на членовите на тимот преку коучинг, менторство, редовна повратна информација и индивидуални развојни планови.
  • Обезбедување ефективна соработка со останатите функционални тимови за успешно реализирање на деловните цели.
  • Поттикнување култура на високи перформанси, одговорност и континуирано подобрување во тимот.

ШТО БАРАМЕ?

  • Универзитетска диплома.
  • Минимум 5 години релевантно работно искуство, со значајно искуство во водење и развој на тимови.
  • Докажано искуство во управување со луѓе, продажни перформанси, буџети и деловни показатели.
  • Одлични преговарачки и комуникациски вештини.
  • Развиени лидерски и организациски способности.
  • Силни аналитички способности и пристап базиран на податоци и резултати.
  • Искуство во крос-функционална соработка и управување со различни засегнати страни.
  • Напредно познавање на англиски јазик.
  • Напредно познавање на Microsoft Excel.
  • Висока агилност за учење, проактивност и ориентираност кон постигнување резултати.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »