За компанијата:
АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Од скромните почетоци како центар за едукација на деца и возрасни, набрзо скокнавме во бурните преведувачки води и, пловејќи по бранот на барањата на љубителите... повеќе за компанијата »
(преземи го огласот во Word)
АРС СТУДИО вработува
Деловен асистент
АРС СТУДИО има потреба од деловен асистент со или без работно искуство чија одговорност ќе биде следење и организирање на деловни активности, извршување на секојдневните деловни операции во компанијата, изготвување извештаи, помагање во имплементирањето на процедурите и интеракција со клиентите. Тоа подразбира спроведување на сите деловни операции и активности за компанијата, од почеток до крај.
Потребно е кандидатот да има познавање и интерес за образовни политики, формално и неформално образование, превод и толкување, издаваштво, а пожелно е и искуство во работа сo институции, меѓународни организации, компании. Неопходни се одлични способности за пишување, истражување и организирање. Кандидатот би бил во постојана комуникација со клиентите и сите вклучени во проектите, за што се потребни и одлични комуникациски вештини.
Одговорности:
- Извршување на канцелариски и административни задачи (организација на административните задачи);
- Организирање состаноци, работилници, презентации и сл.;
- Комуникација со странски партнери, комуникација со клиенти и вработени и останати работи по барање на менаџментот;
- Правни задачи (изработка на договори, решенија, дописи, одлуки и сл.);
- Финансиски задачи (размена на информации со сметководство, следење на рокови за плаќање, усогласувања со клиенти);
- Подготовка на договори и архивирање;
- Подготовка на понуди, испратници, фактури, одобренија и слично;
- Следење на компаниските правила и процедури;
- Прием и проследување на повици, прием на нарачки;
- Организирање на логистиката за дистрибуирање на нарачките;
- Водење евиденција на побарувања и извршување наплата;
- Водење на архивата како и познавање на норми за канцелариско работење и Закон за архивска работа;
- Води грижа за потребите на компанијата од оптимални залихи на канцелариски и други материјали и врши навремено информирање на надлежните за преземање активности за набавка на истите.
Кандидатот треба:
- Да има завршено високо образование;
- Претходно искуство во администрација ќе се смета за предност;
- Познавање на архивско работење;
- Да има добро познавање и будно да ги следи трендовите во бизнис секторите – образование, превод/толкување и издаваштво;
- Да поседува одлични вештини за комуникација и пишување;
- Да биде проактивна и организирана личност, способна да работи на повеќе проекти истовремено и да исполнува рокови;
- Да биде вешт со компјутери; задолжително познавање на Windows, Microsoft Office, Adobe Acrobat, интернет апликации;
- Да биде подготвен за индивидуална и тимска работа;
- Одлично да го познава англискиотјазик;
- Да има око за детали и аналитика.
Што нудиме:
Позицијата овозможува:
- Одлични услови, компетитивна плата и можност за напредок;
- Супер искусен тим;
- Можност за доквалификации и посета на обуки и семинари;
- Пријатна работна атмосфера;
- Можност за проширување на знаењето.
За АРС СТУДИО
АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Kако центар за едукација и издаваштво на книги, се стреми кон обезбедување на високо-квалитетна услуга за одржување на курсеви, реализација на преведувачки услуги, издавачка дејност и продажба на книги, согласно законската регулатива и меѓународните стандарди од оваа област. АРС СТУДИО континуирано го следи степенот на задоволство на клиентите и ги проучува нивните препораки и барања, а притоа истите ги користи за подобрување на карактеристиките на своите производи и услуги.
Во рамките на АРС Студио можностите да се биде успешен и шансите да напредува се еднакви за сите оние што ќе успеат да се квалификуваат да бидат членови на нашето семејство.
Пријавете се со CV и мотивациско писмо задолжително на следните е-адреси истовремено: [најави се за да го видиш е-маилот] , [најави се за да го видиш е-маилот] , [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за „Деловен асистен” ” најдоцна до 7.2.2024 година. Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, ќе бидат контактирани!