Македонски Институт за Квалитет

Дипломиран Електро Инженер

Објавенпред 3 месеци
Активен до01.08.2026
ПозицијаИнженер и технолог
ЛокацијаСкопје
Телефон+389 2 2457 451

Опис на огласот

Оглас за вработување во МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА КВАЛИТЕТ Скопје

Дипломиран електро инженер

Дипломиран електро инженер со најмалку три години континуирано работно искуство на работи поврзани со изведба, испитување или управување со електроенергетски постројки,трансформаторски станици, моторни погони, ниско напонски инсталации, постројки за електроенергетски мерења и испитувања и сл., за работната позиција – Контролор.

Избраниот кандидат ќе учествува во вршење на технички прегледи и периодични испитувања на електроенергетска опрема, електрични производи и уреди,ниско напонски елетрични инсталации, како и испитување на безбедност на опрема и инсталации во потенцијално експлозивна атмосвера.

Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот.

Конкурентски предности за  работната позиција:

  • Тимска работа и кооперативност
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Решавање на проблеми
  • Познавање на Microsoft Officе, CAD софтвер и познавање на останати апликации.
  • Познававање на Англиски јазик.

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

  • Мотивационо писмо
  • Кратка Биографија (CV) со сертификати од обуки од областа (доколку има)
  • Доказ за завршено образование
  • Извод од ПИОМ, како доказ за потребното искуство
  • Уверение за државјанство

Огласот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно).

Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака „ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира“

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе