Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор! Со 78 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Република Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во био-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.
Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е Вашата шанса!
О Г Л А С
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци на работно место готвач во РЕ 544 Хотел Макпетрол во Струга во Дирекција за внатрешна контрола и безбедност во „Макпетрол“ А.Д. Скопје.
Работни задачи и одговорности:
- Подготовка и готвење на јадења според мени и рецептури.
- Одржување на хигиена и чистота во кујната и работниот простор.
- Правилно складирање и чување на намирниците.
- Контрола на квалитетот и свежината на продуктите.
- Следење на залихите и навремено известување за потреба од набавки.
- Одржување и правилно користење на кујнската опрема.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено средно образование.
- Работно искуство 1 година.
- Познавање на странски јазик.
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Работниот однос се заснова на полно работно време од 40 часа неделно, во согласност со однапред утврден распоред за работа.
Начин на апликација:
Аплицирањето се врши со пополнување на електронскиот формулар подолу во огласот и прикачување на потребните документи:
- Писмо за мотивација - со јасно наведено работно место за кое аплицираат;
Лице за контакт: Јана Момировска
Телефон за контакт: 02/3146-532
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.
Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат Макпетрол АД Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законските прописи.
Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со испраќање на барање за истото на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]