Доколку течно го зборувате рускиот јазик и сте заинтересирани за кариера како продажен агент. И сакате да работите во динамична работна атмосфера, проверете ја отворената работна позиција во компанијата Euro Events.
Следејќи го брзиот раст на нашата компанија, бараме мотивиран и амбизиозен индивидуалец. Личност која ќе напредува во кариерата преку разбирање на бизнис циклусите на интернационално ниво, компетитивни бонуси или со развивање на организациските вештини.
EuroEvents e компанија - добавувач на бизнис информации и организатор на врвни конференции, бизнис настани за лидерите во финансиската индустрија, телекомуникациите и здравственото осигурување.
Ние соработуваме со најголемиот дел од Global Fortune 500 компаниите и во EuroEvents ќе имате можност да работите со искусни лидери во најголемите и најиновативните организации во светот.
Во организирањето на нашите специјално креирани бизнис настани ќе ви пружиме врвен тренинг за професионален развој и одличен надомест.
Она што се бара:
*минимум 1 година искуство во продажба (особено cold calling продажба)
*Универзитетска диплома во бизнис област (штотуку дипломираните се особено добредојдени)
*Одлично познавање на Руски јазик (зборување и пишување)
*Амбициозност и исполнителност
*Позитивен став, и страствен тимски играч
*Само-мотивирана организирана личност водена од резултати
Нудиме:
*Компетитивен надомест + атрактивна бонус структура
*Непрекината едукација: професионален тренинг, раст и развој
*Динамична кариера во продажба за мотивирани личности
*Напредок во кариерата
*4 недели годишен одмор
*Забавна работна амосфера
*Претставување на компанијата на конференции кои се одржуваат во повеќе европски и светски метрополи
*Можност за дознавање информации за повеќе актуелни индустрии и клучните личности
Преостанати одговорности:
*Контактирање на нови бизнис клиенти за обезбедување на делегати на настаните кои ги организираме
*Контактирање на веќе постоечки клиенти за нови настани со цел со истите да се соработува и во иднина
*Обезбедување на исплата од нашите клиенти и максимизирање на добивките од настаните
*Постигнување на лични и тимски цели
*Соработка со менаџерот на продажба и продуцентскиот тим
*Водење на интернет истражување и обезбедување на дополнително знаење во областа
Аплицирај и развивај се со нас!
Ако сте заинтересирани за можноста да бидете дел од Euro Events, испратете го вашето резиме на следната емаил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]