Маркетинг агенција Филигран

Графички Дизајнер

Објавенпред еден месец
Активен до29.09.2026
ПозицијаДизајнер
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаhttps://www.filigran.com.mk
За компанијата

„Филигран" доаѓа од вековната уметност на филигранство, техника на изработка која комбинира најпрецизна рачна работа со исклучително внимание на детали. Во светот на филигранот, сè мора да биде совршено... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Го прошируваме нашиот креативен тим и бараме графички дизајнер со најмалку 2 години работно искуство.

Ако знаеш добрата идеја да ја претвориш во впечатлив визуелен концепт, уживаш во динамична работа и сакаш да создаваш за различни брендови и клиенти — сакаме да те запознаеме.

Што очекуваме од тебе?

  • Најмалку 2 години искуство во графички дизајн
  • Одлично познавање на Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign
  • Изразено чувство за композиција, типографија и визуелен стил
  • Креативност и внимание кон деталите
  • Самостојност, одговорност и почитување на роковите
  • Добра организација и способност за работа на повеќе проекти истовремено -
  • Отвореност за тимска работа, учење и професионален развој

За предност ќе се сметаат:

  • Искуство во маркетинг агенција -
  • Познавање на Adobe After Effects и Premiere Pro
  • Работа во Figma и Canva
  • Практично користење AI-алатки во креативниот процес ​

Што ќе работиш?

Како дел од тимот на Филигран, ќе учествуваш во создавање визуелни решенија, креативни концепти, кампањи и содржини за различни клиенти и брендови. Те очекува разновидна и динамична работа, во која секој проект носи нов креативен предизвик. Позицијата е onsite, во нашите канцеларии.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе