Пан Европа е компанија која се занимава со увоз и дистрибуција на електронска опрема PlayStation, Sony, Nintendo, Bose, Razer и Redragon. www.galerija.com.mk
Отвораме нова “Галерија” во East Gate Mall и имаме потреба од проширување на нашиот тим со:
ПРОДАВАЧИ во Скопје , подружница “Галерија” – East Gate Mall
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
- ССС;
- Поседување на вештини за продажба;
- Претходно работно искуство во продажба на IT, ТВ, аудио и видео опрема ,
- Познавање на игри за PlayStation / Nintendo ќе се смета за предност;
- Познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet Explorer;
- Познавање на англиски јазик;
Одговорности и работни задачи:
- Услужување на купувачите и продажба на ИТ, ТВ, аудио и видео опрема ;
- Работа со документи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот салон;
- Континуирано учење на техничките карактеристики на производите за продажба;
- Други работни задачи поврзани со секојневното функционирање на продажниот салон.
Личен профил:
- Организираност и одговорност при извршување на работните задачи
- Енергичност, иницијативност, амбиција за успех
- Способност за тимска и самостојна работа
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
- Континуирана обука и можност за напредување;
- Работа во смени од 10:00h до 22:00h секој ден, освен недела од 10h до 20h
- (работното време е согласно одлуките на молот)
Општи правила за аплицирање:
Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, Вашата кратка биографија, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите: на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: “Оглас за Продавач”.
Огласот е активен до 07.03.2022 година.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во ПАН-ЕВРОПА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.
Напомена : Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на интервју.
Со почит,
Пан Европа ЛТД