
За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење...
повеќе за компанијата »За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата Хеленик Петролеум и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
РАКОВОДИТЕЛ ВО СЕКТОР АДМИНИСТРАТИВНИ УСЛУГИ (Реон Скопје)
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Организација и контрола на работата на вработените во сектор Административни услуги со цел ефикасно и навремено извршување на работните задачи
- Следење, координација и контрола на работењето на Архивата на компанијата
- Следење и контрола на работата и квалитетот на обезбедени услуги од ангажираните компании за превоз на вработени
- Планирање, организација и контрола на користењето на возниот парк на компанијата
- Планирање и организација на останатите административни логистички активности на компанијата
- Следење и контрола на работата и квалитетот на обезбедени услуги од аутсорсинг компании за останатите административни логистички активности кои се во надлежност на секторот Административни услуги
- Разрешување на итни работни задачи од делокругот на Административни услуги на дневна основа
- Учество во изготвување на одлуки и договори кои се во надлежност на секторот Административни услуги
- Изготвување на месечни извештаи и анализи за потребите на менаџментот
- Контрола на финансиските документи од добавувачите на услуги во секторот
- Пренесување точни и навремени податоци и информации до менаџментот како и предлагање на мерки за унапредување на работењето на секторот
- Изготвување, измена и дополнување на работни упатства и процедури од делокругот на сектор Административни услуги
- Примена и придржување кон интерните акти на компанијата
- Следење и примена на законските и другите прописи од областа на Административните услуги
- По барање на претпоставениот изведува други задачи во склоп на професионалните квалификации
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Висока стручна спрема (од областа на менаџмент се смета за предност);
- Најмалку 3 години релевантно работно искуство на слична позиција;
- Напредно познавање на MS Office;
- Пишано и говорно напредно ниво на деловен англиски јазик;
- Основно познавање на SAP се смета за предност;
- Возачка дозвола – Б категорија;
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
- Извонредни организациски и лидерски вештини;
- Одговорност, доверливост и кооперативност;
- Аналитички вештини;
- Мобилност и способност за приспособување на разни работни задачи;
- Ориентираност кон тимска работа;
- Способност за решавање проблеми
- Time management вештини;
- Способност за донесување одлуки;
- Иницијативност;
- Желба за постојано учење и унапредување на своите вештини
ПОНУДА:
- Работа во позитивна средина со можност за напредување
- Конкурентна нето плата
- Интерна обука со постојан надзор од менаџерот на секторот
- Полно работно време од 08:00-16:00 часот
- Организиран превоз од компанијата, до и од работно место
- Организирана исхрана од компанијата
Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата „РАКОВОДИТЕЛ ВО СЕКТОР АДМИНИСТРАТИВНИ УСЛУГИ“ за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk
Слични огласи »