Фибула Ер Травел Дооел лого

Туристички претставник во Анталија

Плата од 55.000 ден.

За компанијата: Основана во 2000 год., Фибула Ер Травел брзо го постигна својот огромен успех во областа на туризмот како дел од големата меѓународна групација на Фибула Ер Травел со главно седиште во Анталија, Турција.... повеќе за компанијата »

Работи и патувај во Анталија! 🇹🇷

Бараме личност која е ориентирана кон клиентите за да се приклучи на нашиот тим како туристички претставник / водич за патување.

За оваа работа, вие ќе бидете одговорни за пречекување гости на аеродромот, организирање на нивниот трансфер, продажба на патувачки екскурзии и испраќање во хотели. Работата е во времетраење до крај до октомври.

По завшувањето на летната сезона, ќе имате можност да работите преку Фибула на друга позиција.

Квалификации:

  • Добро познавање на англиски или албански јазик (препорачано).
  • Комуникативни вештини и ориентација кон клиентите.
  • Спремност за работа во динамична средина.
  • Било каква работа во туристичкиот сектор се смета за предност.

Одговорности:

  • Пречекување на гости на аеродромот и организирање на нивниот трансфер до хотелите.
  • Помош при check-in и check-out на гостите.
  • Продажба на екскурзии и дополнителни услуги.
  • Осигурување на високо ниво на задоволство кај клиентите.

Ви нудиме:

  • Редовна плата €900 + бонуси
  • Обезбеден авионски превоз до и од Анталија
  • Обезбедено сместување за време на работниот ангажман
  • Вклучено здравствено осигурување
  • Можност за продолжување на соработката со Фибула на друга позиција по завршување на летната сезона
  • Работа во динамична и растечка компанија со интернационално искуство

Ве молиме испратете го Вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »