
За компанијата:
Прима Оптика е основана во 1999 година. Денес, достапна на 5 локации во Скопје: Сити Мол, East Gate Mall, Беверли Хилс, ГТЦ и ТЦ. Лептокарија. Професионален тим и задоволни клиенти се наша примарна цел повеќе од 21 година.
повеќе за компанијата »Биди дел од продажниот тим на Прима Оптика.
Потребни квалификации:
- Искуство во малопродажба, предност искуство во продажба со луксузни производи
- Вештини за продажба и интеракција со купувачи
- Познавање на англиски јазик и основни познавање на Office
- Подготвеност за тимска работа во смени
- Организирана, одговорна, мотивирана и стабилна личност
- Професионален пристап, посветеност и лојалност
Главни обврски и одговорности на позицијата:
- Професионален пристап и комуникација со клиенти
- Продажба на производите во продажното место
- Грижа и одржување на работниот простор
- Примена на поставените стандарди, процедури и правила за работа
Што нудиме:
- Полно работно време 40 часа неделно
- Професионална, комплетна и платена обука
- Конкурентна почетна плата 24.000 ден за релевантно искуство во оптика (со плаќање на празнични дневници и работа во недела)
- Бонуси во согласност со постигнатите резултати
- Можност за професионален развој и надоградба
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат стекнато стручно образование (оптометрија) и претходно работно искуство во оптика.
Ги повикуваме заинтересираните кандидати да ја испратат својата работна биографија со фотографија и назнака (За продажен асистент) на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Само кандидатите кои ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.
Слични огласи »