
За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна...
повеќе за компанијата »Сервисен техничар во одделот за информатика
Веќе трета деценија ДУНА е водечка компанија присутна во бизнис секојдневието во Македонија, со канцеларии и во Албанија и Србија. Официјални партнери на Ricoh, Poly, Apple, Konka, Brahler, Tentnology, Zebra, Lenovo, ги следиме светските IT трендови, но истовремено пласираме и сопствени иновативни идеи во кои неизмерно веруваме и со тоа успеавме да станеме препознатлив бренд, кој според многумина е IT трендсетер во регионот.
Опис на работно место:
Сервисниот техничар во одделот за информатика е одговорен за обезбедување на техничка поддршка и решавање на технички проблеми на вработените во Дуна. Улогата на сервисниот техничар вклучува дијагностицирање и решавање на хардверски и софтверски проблеми, инсталирање и конфигурирање на компјутерски системи и мрежи и обезбедување на ефикасно функционирање на ИТ опремата. Сервисниот техничар има клучна улога во одржувањето на ИТ инфраструктурата на Дуна и обезбедување на непрекинато функционирање на секојдневните процеси.
Должности и одговорности:
- Обезбедување техничка поддршка на вработените со решавање на проблеми со хардверот и софтверот навремено и ефективно.
- Инсталација, конфигурација и одржување на компјутерски системи, сервери и останати уреди, вклучувајќи печатачи, скенери и друга ИТ опрема.
- Поставување и одржување локални мрежи (LAN), вклучувајќи мрежни кабли, прекинувачи и рутери
- Асистенција при распоредување и одржување на софтверски апликации, вклучувајќи оперативни системи и специјализирани софтвери.
- Вршење рутински задачи за превентивно одржување на компјутерските системи, како што се чистење и ажурирање софтвер.
- Одговарање на барањата за помош на корисниците навремено и професионално.
- Соработка со останатите членови на ИТ тимот за решавање на комплексни технички проблеми и обезбедување на целосни решенија.
- Постојано водење на точна евиденција за барањата за поддршка, поправки и активности за одржување.
- Постојано да е во тек со најновите трендови во техничката индистрија, најновите технологии и конкурентските решенија, се со цел пододбрување на техничките вештини и знаење
Што ви нуди Дуна?
- Конкурентна плата
- Професионална и пријатна тимска атмосфера и целокупна техничка опременост за професионално работење
- Можност за надградба на своите вештини со учество на обуки, сертификација и усовршување на техниките и знаењата
- Можност за напредување
За да аплицирате за оваа работна позиција Ви треба искуство во истата или слична работна позиција, одлично познавање на хардвер и софтверски решенија, како и знаење за решавање проблеми поврзани со истите. Одлично познавање на Microsoft Windows и/или macOS оперативни системи, а воедно е пожелно и основно разбирање на мрежните протоколи.
Потребно е и да поседувате одлични вештини за решавање на проблеми, способност за изнајдување решенија во краток рок, одлични комуникациски вештини и способност за работа сами или во тим.
Диплома од областа на информатичка технологија е пожелна, меѓутоа не задолжително.
Адреса за контакт: [најави се за да го видиш е-маилот] само селектираните кандидати ќе бидат контактирани
Бидете и вие дел од бродот кој непречено плови веќе 30 години!
Слични огласи »