Специјалист за корисничка поддршка на италијански и англиски јазик во областа на туризмот (м/ж)

Објавенпред 46 минути
Активен до19.11.2026
ПозицијаТелефонски оператор/Поддршка
ЛокацијаЦела Македонија
Веб-страницаhttps://www.transcom.com/global
За компанијата

Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Дали знаеш дека туризмот достигна ново ниво на услуга и дека постојат тимови кои се тука за да ги решат прашањата на клиентите на што е можно поефикасен и едноставен начин како и да им ги дадат најдобрите можни совети? Токму ти можеш да станеш дел од еден таков тим и да им го направиш пријатно и незаборавно целокупното искуство на патниците кои ги користат услугите на еден од најголемите туроператори во светот!

Што ти нудиме?

  • Конкурентна плата од 47.300 денари;
  • Можност за работа од дома: работи од удобноста на твојот дом по успешно совладување на обуката во Скопје која трае 3 недели;
  • Можност за работа на скратено или полно работно време;
  • Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет;
  • Платена обука: инвестираме во твојот успех;
  • Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание;
  • Бонуси за препораки: награда за твојата лојалност;
  • Уживање во различни компаниски настани, тренинзи и обуки наменети за вашиот личен и професионален развој 
  • Корпоративни попусти за нашите вработени во различни објекти;
  • Проширување на твоите знаења: со нашата компаниска платформа за учење стекни нови вештини;
  • Кариерен развој: патеката на твојот напредок исцртај ја заедно со нас;
  • Глобално искуство: бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!

Придружи ни се како Специјалист за корисничка поддршка на италијански и англиски јазик во областа на туризмот!

Твојот ден ќе биде комбинација од:

  • Секојдневна употреба на италијанскиот јазик: биди гласот на еден од водечките тур-оператори во светот;
  • Комуникација со клиенти преку телефон, е-маил и четови во врска со резервациите на клиентите;
  • Подобрување на корисничкото искуство: споделувај информации и совети во врска со понудените тури;
  • Персонализирани решенија: спој ги потребите на клиентите со совршените туристички понуди;

Што бараме?

  • Италијански гуру: задолжително течно познавање на италијанскиот јазик (усна и писмена комуникација);
  • Покрај италијанскиот, предност е познавање и на англискиот јазик;
  • Основни познавања од работа на компјутер;
  • Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;
  • Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;
  • Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;
  • Амбициозност: личен и професионален развој е вашата цел;
  • Претходно работно искуство во областа на корисничка поддршка се смета за предност но не е задолжително;

Како изгледа животот во Transcom?

 Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе