ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар. Во согласност со планот и стратегијата на Друштвото, имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување, за што вршиме повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:
ЕКСПЕРТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА НА ШТЕТИ – ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Општ опис на работата:
Решавање и ликвидација на барања за надомест на штети од доброволно здравствено осигурување.
Работни задачи и одговорности:
- Утврдување на основ по барање за надомест на штета од доброволно здравствено осигурување;
- Утврдување на осигурителното покритие и висина на настаната штета во согласност со полисата за осигурување и условите за осигурување на осигурувачот;
- Проверка, комплетирање и решавање (ликвидација) на пријавени штети по доставена документација;
- Ликвидација на оштетни побарувања во информатичкиот систем на друштвото;
- Комуникација и соработка со доктор цензор во постапката за решавање на штети;
- Комуникација и соработка со здравствени установи со кои друштвото има склучено договор за соработка;
- Комуникација со оштетени лица и трети лица во врска со обработка на предметите за надомест на штета од доброволно здравствено осигурување;
- Вршење на други сродни работни задачи.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование;
- Исклучителни комуникациски вештини;
- Способност за брзо и ефикасно решавање на проблеми во врска со обработка на штети;
- Солидно познавање на англиски јазик на работно ниво и работа со компјутери;
- Способност за тимска работа;
- Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
- Целосна посветеност на работните задачи;
- Висока работна етика, организираност и одговорност.
Работно искуство во областа на надомест на штети, особено штети од здравствено осигурување/нематеријални штети/штети од несреќен случај-незгода, ќе се смета за предност.
Друштвото нуди:
- Вработување на определено времетраење, со можност за продолжување на договорот за вработување;
- Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
- Работа во Генералната дирекција на Друштвото во Скопје;
- Работа во динамично опкружување и пријатна средина, со можност за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа со амбициозен и професионален тим.
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака дека аплицирате за конкретното работно место.
Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци.
Нaпомена: Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.