АЛФИ ТЕХНОЦЕНТАР лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Персонал за продажба - Куманово

За компанијата:

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година, во рамки на компанијата се отворени и подружниците Алфи Техноцентар во Куманово,... повеќе за компанијата »

ПРОДАВАЧ – ПРОДАЖБА (КУМАНОВО)

За компанијата

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година.

Лоцирани сме во Куманово и Скопје, а поради успешното работење и зголемениот обем на продажба, нашиот тим континуирано расте. Нашата визија е да ги задоволиме потребите на сите купувачи, вклучително и оние со специфични барања.

Постојано инвестираме во развојот на нашите продажни капацитети со цел да обезбедиме пријатно и квалитетно искуство за нашите ценети купувачи. Нашата основна цел и препознатливост се добрата услуга и квалитетот на производите кои ги нудиме.

Нашите вработени се движечката сила на компанијата и затоа континуирано вложуваме во развојот на човечките ресурси.

Тимот на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е препознатлив по својата учтивост, љубезност, услужливост и пријатниот однос со секој потрошувач.

Вработуваме:

Продавач – Продажба во Куманово

Вашите работни задачи ќе вклучуваат:

  • Активна комуникација и професионален однос со купувачите;
  • Презентација и продажба на производите;
  • Запознавање на купувачите со карактеристиките и предностите на производите;
  • Советување на купувачите и предлагање соодветни производи согласно нивните потреби;
  • Следење и остварување на поставените продажни таргети;
  • Грижа за изложеноста, уредноста и правилното означување на производите;
  • Следење на залихата и учество во попис на стоки;
  • Грижа за уредноста и изгледот на продажниот простор.

Доколку сте:

  • Комуникативни, љубезни и услужливи;
  • Амбициозни и мотивирани за продажба;
  • Енергични и посветени во работењето;
  • Внимателни и одговорни во извршувањето на работните задачи;
  • Подготвени за учење и континуирано усовршување;
  • Позитивни и тимски ориентирани;
  • Насочени кон потребите и задоволството на купувачите;

тогаш Вие сте вистинскиот кандидат кој го бараме!

Што ви нудиме:

  • Редовни месечни примања;
  • Професионален и пријатен работен амбиент;
  • Регрес за годишен одмор;
  • Минат труд;
  • Бонус за препорачан пријател;
  • Воведна обука за работниот процес;
  • Редовни обуки согласно стандардот ISO 9001:2015;
  • Можност за професионален и кариерен развој;
  • Бонусна програма за остварени месечни таргети.

Вашето CV доставете го со назнака „Продавач – Продажба (Куманово)“.

Сите кандидати ќе бидат исконтактирани, а сите апликации се третираат со доверливост.

Можете да не исконтактирате и на телефонските броеви 076/448-505 и 075/234-732 (од пон-петок во период од 08:30 до 16:30).

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »