Плата од 50.000 ден. до 100.000 ден.
За компанијата:
Доорс Импекс ДООЕЛ, со седиште гр. Скопје врши продажба и монтажа на гаражни и противпожарни врати, специјални врати, автоматизација за гаражни и метални врати, бариери и додатоци за нив, како и индустриски производи, и тоа сегментни врати, хидраулични товарни рампи и мостови, брзи врати.
повеќе за компанијата »ТЕХНИЧКО-ПРОДАЖЕН КОНСУЛТАНТ / SALES ENGINEER
ЗА ДООРС ИМПЕКС ДООЕЛ
Доорс Импекс постои од 2009 година и повеќе од 17 години работи со продажба, набавка, монтажа и сервис на гаражни, индустриски и противпожарни врати, автоматика и придружна опрема.
Бараме технички поткована личност која сака да работи со клиенти и да продава технички решенија.
Ако сте техничар, инженер, сервисер, лице со техничко искуство или кандидат кој е на почеток на кариерата во техничка област, а сакате да се развивате во продажба на сериозни технички решенија — ова може да биде вистинската позиција за Вас
ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ
- Комуникација со клиенти и разбирање на нивните потреби.
- Поставување правилни технички прашања пред подготовка на понуда.
- Предлагање соодветно техничко и комерцијално решение.
- Активен follow-up со клиенти до донесување одлука.
- Продажба на гаражни и ПП врати, автоматики и придружна опрема.
- Работа со крајни клиенти, фирми, градежни компании и B2B клиенти.
- Координација со технички сектор, монтажа, сервис, набавка и магацин.
- Водење евиденција во CRM/ERP систем. Следење активни понуди, договори, клиенти и резултати. Градење долгорочни односи со клиенти и партнери.
КАКВА ЛИЧНОСТ БАРАМЕ
- Техничка логика, амбиција и желба за учење.
- Организираност, дисциплина, точност и одговорност.
- Желба за продажба, комуникација со клиенти и follow-up.
- Способност да поставува правилни прашања, да слуша и да предложи соодветно решение.
- Подготвеност за работа со CRM/ERP систем, евиденција, цели, бројки и резултати.
- Техничко образование, пракса или искуство е предност, но најважни се работната етика и желбата за развој.
- Возачка дозвола Б категорија.
амбицијата и желбата за развој.
Потребна е возачка дозвола Б категорија.
ШТО НЕ Е ОВАА ПОЗИЦИЈА
Ова не е позиција за лице кое бара лесна работа без одговорност, не сака продажба, комуникација со клиенти и follow-up, не сака да учи технички производи или не сака да работи со систем, евиденција и резултати.
ШТО НУДИМЕ
- Работа во стабилна и растечка компанија.
- Обука за производите и начинот на работа.
- Фиксна плата + бонус систем поврзан со резултати.
- Можност да станете клучен човек во развој на нови производни категории.
- Лаптоп, телефон и потребна опрема за работа.
- Пријатна работна средина и тимска поддршка.
ПРЕДНОСТ ИМААТ КАНДИДАТИ СО ИСКУСТВО ИЛИ ОБРАЗОВАНИЕ ВО:
- електроника, автоматика, машинство или мехатроника;
- градежништво, сервис, монтажа или техничка продажба;
- индустриски системи, автоматики за врати, електро брави, сензори, рампи или контрола на пристап.
Претходно искуство во продажба е предност, но не е задолжително.
Добредојдени се и кандидати кои се на почеток на кариерата или скоро завршиле техничко образование, доколку имаат техничка логика, амбиција, добра работна етика и силна желба да учат и да се развиваат во продажба на технички решенија.
Поважно ни е кандидатот да има правилен став, желба за напредок и подготвеност да ја плати цената на учење и работа, отколку само претходно искуство.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ
Доколку се препознавате во овој опис, испратете Ваше CV на:
[најави се за да го видиш е-маилот]
Заедно со CV-то, испратите и кратко мотивациско бјаснување зошто сакате да ја работите оваа позиција.
Краткото објаснување ќе биде важен дел од селекцијата.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.