Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
Активни огласи од ЛУНАР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје:
ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР - ИЗВЕДБА И ПРОЕКТИРАЊЕ
(преземи го огласот како слика)
ЛУНАР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје го проширува својот тим и бара електротехничар за монтажа, поврзување и изведба на електрични инсталации и енергетски системи.
Нашата компанија работи на проектирање и реализација на енергетски проекти, со посебен фокус на фотоволтаични електрани (PV), системи за складирање енергија (BESS), нисконапонски и среднонапонски системи и електроенергетска инфраструктура. Развиваме сигурни и ефикасни технички решенија, со внимание на квалитетот на изведбата.
Локација: Скопје, со теренска работа на проектни локации согласно потребите на проектите.
Работни задачи и одговорности
Монтажа, поврзување и тестирање на електрична опрема и инсталации.
Монтажа и поврзување на фотонапонски системи, системи за складирање енергија и нисконапонски и среднонапонски инсталации.
Поставување и поврзување на заштитни и управувачки елементи.
Читање и примена на електротехнички цртежи, шеми и техничка документација.
Теренска работа и учество во проверка и пуштање на системите во работа.
Потребни квалификации
Завршено средно стручно образование.
Познавање на електрични инсталации и опрема.
Способност за читање и разбирање електротехнички цртежи и шеми.
Одговорност, прецизност и способност за тимска работа.
Подготвеност за работа на терен.
Возачка дозвола од Б-категорија.
Предност ќе имаат кандидатите со:
Практично искуство во изведба на електрични инсталации.
Искуство во монтажа на фотонапонски системи и/или системи за складирање енергија.
Познавање на нисконапонски и среднонапонски инсталации.
Подготвеност за теренска работа надвор од Скопје.
Што нудиме
Можност за професионален развој и обука.
Практично искуство со современи електроенергетски системи и опрема.
Динамична и поддржувачка инженерска средина.
Конкурентни услови за работа и надоместок согласно искуството и квалификациите.
Како да аплицирате
Испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака во насловот на пораката: „Електротехничар“.
НАЈАВИ СЕ ако имаш сметка »
... или најави се ако си член на KARIERA.mk »
Прочитај ја Политиката за приватност
Слични огласи »
Обуки
сега
пред 11 часа
пред 13 часа
пред 14 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена