За компанијата:
Ел Дорадо 05 ДОО Скопје е основач на брендот "ZIA" кој работи повеќе од 7 години, и е пласиран на пазарот со 8 продажни локации, меѓу кои Г.Т.Ц., Приземје (спроти Жена парк), Т.Ц.Лептокарија... повеќе за компанијата »
ZIA го проширува својот тим и бара Менаџер на продажно место кој ќе биде одговорен за ефикасното работење на продажното место, управувањето со тимот и остварувањето на продажните цели.
Главни одговорности:
• Организација и координација на работата на тимот
• Следење на продажните резултати и реализација на таргетите
• Активно учество во продажбата и грижа за клиентското искуство
• Следење на залихите и оперативното работење
• Одржување на визуелните и продажните стандарди на брендот
Потребни квалификации:
• Развиени комуникациски и организациски вештини
• Претходно искуство во продажба
• Ориентираност кон резултати и остварување на поставени цели
• Искуство во водење и координација на тим
• Одговорност и проактивен пристап кон работата
• Способност за самостојна организација и следење на секојдневното работење
Што нудиме:
• Конкурентна нето плата + бонуси според резултати
• Можност за професионален развој и напредување
• Обуки и поддршка за развој на продажни и лидерски вештини
• Попуст за вработени и дополнителни бенефиции
• Работа во млад, динамичен и поддржувачки тим
• Можност да бидеш дел од бренд кој постојано расте и се развива.