Доорс Импекс Дооел лого

Комерцијалист со техничко познавање

Плата од 40.000 ден. до 60.000 ден.

За компанијата: Доорс Импекс ДООЕЛ, со седиште гр. Скопје врши продажба и монтажа на гаражни врати, метални и стаклени противпожарни врати, специјални врати, автоматизација за гаражни и метални врати, бариери и додатоци... повеќе за компанијата »

Краток опис на позицијата

Позицијата „Комерцијалист со техничко познавање“ опфаќа комбинација од технички и административни задачи во процесот на продажба на гаражни, индустриски и противпожарни врати и автоматики.
Кандидатот ќе биде вклучен во подготовка на понуди, читање техничка документација, комуникација со клиенти и фабрики, обработка на проекти и следење на нарачки.

Позицијата е соодветна и за кандидати без претходно искуство, доколку имаат техничка основа, логичко размислување, организираност, трпеливост во комуникација и силна желба за учење и развој.


Клучни задачи

• Подготовка на понуди за клиенти (B2C и B2B) врз основа на технички барања
• Читање и разбирање технички каталози, спецификации и понуди од производители
• Подготовка на техничка документација за проекти
• Читање и разбирање на проекти / технички цртежи
• Комуникација со фабрики за цени, опции, рокови и спецификации
• Организирање на документација, Excel табели и Google Drive систем
• Следење статус на понуди, одобрени проекти и нарачки
• Координација со монтажен тим за технички барања
• Периодични излегувања на терен со тим и состаноци со клиенти (околу 20%)


Потребни квалификации

• Машински / електро / индустриски дизајн / производно инженерство (предност, но не задолжително)
• Познавање технички цртежи; основно познавање AutoCAD / SolidWorks (или желба да научи)
• Основно познавање од електротехника (предност — поради автоматики, мотори и сензори)
• Одлично користење Excel / Word / Google Sheets
• Основни продажни вештини или искуство во работа со клиенти (предност)
• Подготвеност за учење продажни процеси — компанијата обезбедува целосна обука
• Способност за фокусирана и детална работа
• Организираност, брзо учење и стабилност
• Основно разбирање на технологија и механички системи (врати, мотори, автоматика)

• Возачка дозвола Б категорија


Каква личност бараме

• Технички грамотна личност која сака ред, систем и прецизност
• Трпелива и способна да работи со понуди и техничка документација
• Смирена, одговорна, точна и аналитична
• Лице што може со време да стане добра техничка поддршка во продажниот процес
• Желба за напредување и градење кариера во стабилна компанија


Што нудиме

• Комплетна обука за продажба, техничка поддршка и познавање на производите
• Одлични услови за работа во професионален тим
• Можност за напредување во продажба или проектен инженеринг
• Вработување со плата според искуство + можни бонуси
• Реално работно време без стрес и прекувремени
• Модерна фирмена структура и системи


Доколку се пронаоѓате во овој опис и сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ваша  биографија, кратко мотивационо писмо и контакт информации на email -  [најави се за да го видиш е-маилот]  .

 За дополнителни информации контакт лице : Иван Личков - 078365676.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »