Овластен сметководител

Објавенпред 7 часа
Активен до17.11.2026
ПозицијаЕкономист/Сметководител/Ревизор
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаmagnetik.mk
За компанијата

Трговската компанија Магнетик е основана во 1992 година и денеска е лидер во дистрибуцијата и малопродажбата на текстилни производи. Компанијата денес ги има ексклузивните права на дистрибуција и продажба... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

МАГНЕТИК ВРАБОТУВА

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Магнетик ДОО Скопје, компанија со долгогодишно искуство во модната малопродажба, бара одговорен и искусен овластен сметководител кој ќе се приклучи на нашиот тим.

Клучни одговорности:

  • Водење и контрола на финансиското и материјалното сметководство.
  • Следење и усогласување на залихите и малопродажната документација.
  • Подготовка на даночни пресметки и финансиски извештаи.
  • Изготвување и потпишување годишна сметка.
  • Обезбедување точност, навременост и усогласеност на сметководствената евиденција со важечките прописи.

Потребни квалификации:

  • Соодветно образование и статус на овластен сметководител.
  • Практично искуство во сметководство и добро познавање на сметководствените и даночните прописи.
  • Прецизност, самостојност, организираност и одговорен однос кон роковите.
  • Предност ќе имаат кандидатите со искуство во трговски друштва со малопродажба, материјално сметководство и работа во програмата PANTHEON.

Доколку го препознавате своето следно професионално место во Магнетик, вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „За овластен сметководител“.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе