Работни одговорности на Супервизор на Рецепција и резервации во Ресорт Маврово:
- Го планира, организира и контролира секојдневното работење на секторот;
- Ориентиран кон исполнување на барањата на гостите;
- Одговорен/на за материјалното и финансиското работење на секторот;
- Ги максимизира сите можности за продажба понудени од страна на хотелот;
- Ја организира работата на Рецепционерите и Агентите за резервации; ги унапредува нивните вештини; учествува на интервјуа за нови вработени;
- Изготвување различни извештаи и кореспонденција помеѓу сите сектори во хотелот;
- Одлично го познава софтверот за работа;
- Други одговорности соодветни на работното место Супервизор на Рецепција и реззервации.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Лидерски и организациски вештини;
- Ориентиран кон задоволство на гостите;
- Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
- Лојалност и чесност;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата,
- Високо ниво на комуникациски вештини;
- Тимски играч и колегијалност;
- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
- Желба за личен раст и развој.
Потребни квалификации:
- Претходно искуство на слично работно место или како Рецепционер од мин. 2 години;
- Познавање на англиски јазик (говор и пишување). Познавање на албански или друг јазик се смета за предност;
- Високо образование од областа на Угостителство и туризам се смета за предност;
- Вештини за работа на компјутер.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Исплата на плата и додатоци на плата согласно Закон за работни односи (минат труд, работа во недела, работа на празник, прекувремено работно време);
- Сместување и 3 оброци;
- Платени трошоци за превоз;
- 8 слободни денови во месецот;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во subject наведете Супервизор на Рецепција и резервации.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.
Рок за пријавување на огласот: 22.09.2022
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.