За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »Мотиви Вработување, за потребите на свој клиент, објавува оглас за работна позиција:
ФИНАНСИСКИ И СМЕТКОВОДСТВЕН СПЕЦИЈАЛИСТ
Работни одговорности:
- Книжење и обработка на финансиска и материјална документација.
- Подготовка и поднесување на законски извештаи и пријави до надлежните институции.
- Изготвување месечни, квартални и годишни финансиски извештаи.
- Подготовка на финансиски анализи, извештаи и информации за потребите на менаџментот.
- Следење на законските прописи од областа на сметководството, даноците и финансиското работење и нивна соодветна примена.
- Архивирање и уредно водење на сметководствената документација согласно законските прописи.
- Извршување и на други работни задачи поврзани со сметководственото и финансиското работење.
- Комуникација со релевантни државни институции
Потребни квалификации:
- Високо образование од областа на економија, финансии, сметководство или сродна област.
- Познавање на сметководствените стандарди
- Одговорност, прецизност, организираност и аналитички пристап кон работата.
Поседувањето важечки сертификат/лиценца за овластен сметководител ќе се смета за предност, но не е задолжителен услов за аплицирање. Отворени сме и за кандидати со релевантно работно искуство и знаење.
Доколку ги препознавате вашето искуство и знаење во оваа позиција, без разлика дали веќе поседувате лиценца за овластен сметководител или сте искусен сметководител кој е во процес на професионално надградување, ве охрабруваме да аплицирате.
Испратете ја вашата биографија (CV). Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат преку копчето за брза апликација, своите професионални биографии можат да ги проследат на kariera@motivi.mk (со назначена позиција за која сте заинтересирани), или со порака на Viber: +389 75 372 465.
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со Законот за заштита на личните податоци.
Кандидатот, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта kariera@motivi.mk.